Риби

​Заработување или како да се дојде до поголема сума пари е вашиот интерес следната недела. На неколку наврати ќе добиете поголема или непланирана сума, можеби хонорар. Како и да е, некои трошоци, планирани или не, ќе ви однесат и добар дел од тие пари.

Крајот на месецот ќе ве дочека во движење, на пат, на улица, во зачестена комуникација, излегувања но не само заради забава, туку и заради завршување на потреби. Љубовта ви е стабилна во овој период.

Скорпија

Лесно до пари овој месец, или поинаку кажано – парите ќе ги заработите на пријатен начин, со работа која ќе ви претставува задоволство да ја завршите. Нагласени се и обврски по дома, посебно во втората половина од месецот.

Бик

Биковите оваа недела ​ќе ги “тријат” рацете, бидејќи парите ќе им доаѓаат од сите страни. Овој знак инаку нема потреба да се натпреварува, не се троши се до последниот атом на силата, а сепак најмногу добива. Во што е трикот?

Биковите се материјалисти и претпочитаат удобност. Тие прво се сакаат себеси, па парите, а се останато може да почека. Од љубов кон успехот и удобниот живот, во состојба се да се трудат до невидени размери, се со цел да успеат и да направат сериозни пари. Тие им се силен мотив уште повеќе да се залагаат на деловен план.

Со оглед на тоа дека со овој знак управува Венера, неговите очекувања се реални и секогаш се обидува да ги постигне. Она што е добро кај нив, она што ќе го добијат го споделуваат со најблиските.

Близнаци

Оваа недела ќе ви донесе многу изненадувања, но едно од нив ќе ви се стори речиси неверојатно. Вртење на главата е за оние игри во кои се делат награди и во кои никогаш не сте верувале.

Ќе поверувате, кога ви се јават и ви соопштат дека сте добиле прилично пристојна сума, која ќе ви дојде за последните планови кои си мислевте дека треба да ги одложите за доста натаму во времето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.