Можеби ќе се изненадите, но меѓу најнепријатните знаци на хороскопот се наоѓа и Овенот.
Овенот е премногу горделив за некои работи, но и злобен кога смета дека тоа е потребно. Тој сака во сè да биде прв, па скромноста не му е јака страна.
Истовремено, Овенот е многу посесивен, но и дарежлив, а сè би направил за да биде во центарот на вниманието. Доколку некој е посилен и помоќен од Овенот, тогаш тој станува љубоморен. Воглавно се дружи со луѓе кои не се закана за неговата позиција.
Доколку имате конфликт со Овните, имајте предвид дека тие се многу одмаздољубиви.
Овој знак е воден од Марс, богот на војната, па многу е лесно да го налутите. Има агресивна душа, но за среќа, бесот кај него не трае долго.
Овните имаат свој праг на толеранција, а ако ја преминете, треба многу да внимавате.
Не сакаат кога луѓето ги потценуваат и кога не сте им лојални, тогаш можат сосема да ве игнорираат или да тргнат во напад.
Ако знаат која ви е најслаба точка, многу е веројатно дека токму таму ќе ве нападнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.