Главна карактеристика на луѓето родени во третиот месец од годината е силната харизма. Тие се љубезни личности кои сакаат да им помагаат на другите, но само ако ја добијат почитта што мислат дека ја заслужуваат.

Често се сензуални и романтични, но веруваат дека за вистинската љубов треба да се борат силно, наместо да ја чекаат.

Имаат силна интуиција и се карактеризираат со креативност. Освен тоа се многу интелигентни и се карактеризираат со лидерски вештини. Всушност, според едно истражување, најголем дел од луѓето на раководни позици се родени во март.

Освен тоа, тие се оптимисти кои секогаш веруваат во добрите нешта. Не поднесуваат да бидат покрај луѓе кои постојано се жалат и никогаш не би сакале таков партнер или пријател до себе. Тие секогаш се борат за тоа што го сакаат и веруваат дека само со позитивен пристап можат да го постигнат тоа.

Кога ќе засакаат нешто, без оглед на тоа дали станува за личност, работа или хоби, тие се многу посветени на тоа. Можат да поминат денови и ноќи посветувајќи се на една работа. Често знаат да бидат гласни, но кога се посветени на нешто, сакаат да се сами и да се посветат на тишината. Иако не делуваат така, тие често се интровертни личности кои размислуваат многу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.