Годинава е при крај. Дали сте подготвени за 2020 година? Дали станавте подобри орколку што сте биле минатата година? Да видиме како можеме да се смениме на подобро и оваа година да ја завршиме позитивно.
За да го направиме тоа, составивме листа за секој хоросопски знак кој претставува што треба да се направи пред крај на оваа година за да станете подобри.
Овен – од амбициите
Вие сте таква личност – сакате да постигнете идеал во се. Вашиот успех одредува и во повеќе случаи успевате да постигнете повеќе од останатите. Меѓутоа, не дозволувајте амбициите да влијаат негативно на вас. Сватете дека неможете да бидете секогаш најдобри во се. Ќе дојдат моменти кога нешто нема да ви успее, и токму во такви моменти не треба да заборавете дека сте само човек, а луѓето како што знаете не се совршени.
Бик – Не дозволувајте грешките и неуспехот негативно да ви влијаат
Доста сте под влијание на погрешни одлуки кои ги носите. Треба да сватите дека сите луѓе грешат, а паметните луѓе учат од грешките. Поради грешките кои ви се случуваат, можете да станете подобра личност. Не дозволувајте негативното искуство да влијае на вас. Не се задржувајте на тоа и одете понатаму.
Близнаци – Не се плашете да пропуштите нови прилики
Мора да се ослободите од синдромот “ја пропуштив приликата“. Постојано се плашите дека ќе пропуштите нешто важно и поради неможете да уживате во сегашниот момент. Ниедна личност неможе да биде секаде во исто време, освен ако нема некоја магична моќ. Ослободетет се од стравот и уживајте во дадениот момент.
Рак – Ослободете се од нереални очекувања во љубовните односи
Вие сте рак, баш како и вашиот симбол, имате оклоп позади кои ги криете вашите чуства. Меѓутоа кога ќе се вљубите , забраните престануваат да постојат. Кога започнувате врска, за вас нема враќање. Ако сте во врска не ја реализирате како што треба, паѓате во болка и агонија. Запамтете сите врски не се осудени на успех.
Лав – Престанете да бидете премногу љубезен со сите
Се обидувате да бидете пријател со сите, бидејќи сакате на сите да им се допаднете. Меѓутоа треба да имате на памет, колку и да се трудете, секогаш ќе постои личност на која нема да и се допаднете. Неуспехот е дел од нашиот живот кој го поминува секој од нас. Престанете да се обвинувате себеси.
Девица – Ослободтете се од својата опсесија
Вие сте перфекциониста. Секогаш имате освршено организирано и испланирано. Се нервирате и разочарани сте кога не сте во состојба да направите нешто совршено. Би требало да се ослободите од таа опсесија. Неможете се да контролирате. Секој од нас прави грешки и тоа е нормално.
Вага – Ослободете се од страв на осаменост
Припаѓате во личности кои неможат да бидат сами, потребна ви е постојана комуникација, и тешко ви е во самотијата да гледате нешто добро. Меѓутоа ако успеете да се ослободите од страв на осаменост, конечно ќе можете да се посветите на себе. Ќе се изненадите колку е убаво. Обидетет се.
Шкорпија – Ослободете се од тага поради предходните изневери
Доста сте наивни и лековерни. Тоа доведува до фактот дека вас често ве изневеруваат. Бидете внимателни и научете да разбирате кој е вреден за вашата доверба а кој не. До почеток на следната година треба да се ослободете од негативна енергија предизвикана од изневерувања. Мудро избирајте луѓе со кои ќе ја поминете следната година.
Стрелец – Успорете малку, не брзајте и уживајте во сегашниот момент
Сакате забава и авантура. Тешко ви е да живеете едноставен и рутински живот, без возбудувања. Вашиот авантуризам секогаш ќе ве турка во нови авантури. Меѓутоа живеејќи со таково темпо често жалите за она што сте морале да го ставите позади себе. Сватете дека неможе се одеднаш.
Јарец – Престанете да ги потиснувате вашите емоции
Имате самоконтрола, смирени сте, елегантни и сакате тоа така и да остане. Ги потиснувате вашите чуства и никогаш не дозволувате да ве надвладеат. Меѓутоа, ако се најдете под голем притиско, сите емоции би можеле да испливаат. Добро е што сте стабилни, но исто така битно е да одржите рамнотежа во изразување на своите емоции. Во спротивно ризикувате во еден момент да ја загубите контролата врз себе и едноставно да експлодирате.
Водолија – престанете да чекате другите да го одржат зборот
Доста сте вознемирени кога гледате дека други не го одржуваат својот збор. Бидете внимателни со некои на кого му верувате. Понекогаш луѓето неможат да сторат нешто што ветиле, а тоа не е секогаш намерно. Гледајте ги работите разумно и не се секирајте поради ситници.
Риби – Ослободете се од својата прекумерна чуствителност Емотивни сте и тоа влијае на носење одлука. Мора да престанете емотивно да се врзувате за луѓе и работи и одлуките носете ги разумно. Тоа ќе ви го поправи вашиот општествен живот бидејќи никој не сака плачковци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.