Оваа недела Лавовите ќе мора да се справи со спротивставувањето на Венера, но љубовни маки ќе имаат и Биковите и Шкорпиите. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕeвездите оваа недела!

Овен: со Месечина во знакот!

Вашата недела започнува на одличен начин: во понеделник и вторник може да пристигнат некои добри вести или некој важен одговор што долго го чекавте. Планетите се на ваша страна: ако сте решиле да тргнете по нов професионален пат, ќе ве заштитат и Меркур и Јупитер. Викендот ветува дека ќе биде романтичен, а Венера и Месечината се подготвени да ве натераат да се за вљубите!

Бик: уште неколку пречки

Небото ве тестира, носејќи ви нови предизвици и уште неколку пречки. Марс ќе ви ја даде целата сила и енергија што ќе ви бидат потребни за да ги преминете пречките, а добри резултати веќе може да очекувате помеѓу среда и петок, кога исто така ќе ве поддржи прекрасната Месечина. Венера е во неповолна позиција, и создава уште еден конфликт во вашиот семеен или љубовен живот.

Близнаци: поволно небо!

Драги Близнаци, ѕвездите дефинитивно работат во корист на вашиот знак! Вие сте некој кој не сака да седи мирен и секогаш бара нови предизвици: Меркур ќе ви помогне да најдете интересни и стимулативни можности, без разлика дали станува збор за нов работен проект или среќна љубовна средба. Месечината ќе ве поддржи во сабота и недела и ќе ви гарантира добро расположение и позитивна енергија!

Рак: обновување на енергијата!

Вашата недела започнува со нервозни денови – понеделник и вторник, поради Месечината која е во неповолна положба за вашиот знак. Подобро, сепак, ќе биде во среда, четврток и петок, кога би можеле да добиете добри вести. Општо закрепнување на енергијата продолжува за вашиот знак: Марс конечно се врати да ве поддржи и, сега – без спротивставувањето на две важни планети како Сатурн и Јупитер, – ќе се чувствувате полесни.

Лав: фокусирајте се на викендот

Оваа недела ќе доживеете разни тензии, како во канцеларија, така и со вашиот партнер. Опозицијата на Венера и Меркур ризикува да создаде краток спој: на работа ќе бидете напнати поради дискусиите со вашиот партнер, додека дома нема да можете да ги оставите настрана грижите донесени од канцеларијата! Обидете се да сочувате ладна глава што е можно повеќе и фокусирајте се на викендот кога можете малку да се опуштите, благодарение на убавата поволна Месечина.

Девица: среќата е во ситниците

Во овој период ѕвездите ве замолуваат да почекате: ако чекате одговори, тешко дека ќе пристигнат оваа недела и затоа не треба да бидете нетрпеливи. Наместо тоа, уживајте во овие моменти на спокојство без да гледате премногу далеку: понекогаш заборавате дека среќата е во малите нешта… Искористете ги среќните денови на Месечината – среда, четврток и петок. Нервозни денови пак се сабота и недела.

Вага: Месечина во опозиција

Вашата недела започнува со два нервозни дена поради неповолната Месечина, во кои може да се почувствувате малку надвор од себеконтролата. Но немате причина да бидете нерасположени: ѕвездите се на ваша страна, почнувајќи од прекрасната поволна Венера, подготвена да ви даде големо задоволство (и емоции) во областа на чувствата. Особено викендот ќе биде многу романтичен: во сабота и недела убавата Месечина ќе ви го стопли срцето.

Шкорпија: тензии со партнерот

За жал ѕвездите очекуваат уште една прилично заморна недела за вашиот знак: на спротивставувањето на Марс – што ќе ве натера да се чувствувате уморни и под стрес – ќе се приклучи и она на Месечината во среда, четврток и петок. Ако имате важна дискусија, без разлика дали на работа или дома, најдобро е да ја одложите до следната недела. Тензии со партнерот поради неповолна Венера.

Стрелец: вистински луѓе во вистинско време!

Во овој период никој повеќе не ве спречува! Вие сте виорот на идеи и проекти и подготвени сте да ја оставите зад себе секоја личност или ситуација што повеќе не е за вас. Венера и Меркур, обете во поволна позиција, ќе ви помогнат носејќи ви ги вистинските сојузници на вашиот пат, како на професионално, така и на сентиментално поле. Пазете се од „искривената“ Месечина во сабота и недела.

Јарец: нервозна Месечина

Вашата недела започнува со нервозна месечина во понеделник и вторник: вие сте оној кој сака да ја има ситуацијата под контрола, но ќе мора да сфатите дека сè не зависи само од вас… Ако не ги присилувате работите , во следните денови среќата ќе се сврти во ваша корист: добра вест или потврда на професионално поле може да пристигне помеѓу среда и петок. Марс ви гарантира многу енергија.

Водолија: не двоумете се!

Често вашите проекти се прилично утопистички: вие сте идеалист и не се плашите да сонувате големи соништа, дури и да ризикувате! Па, во овој момент небото ве охрабрува да го сторите тоа, без двоумење: Меркур е со вас и ќе ви ја даде можноста што ја чекате, додека Јупитер – исто така во знакот – е подготвен да ви гарантира долгорочен успех за сите проекти што ќе ги започнете сега.

Риби: многу енергија!

Оваа недела ќе биде полна со енергија, со која ќе можете да ги реализирате вашите проекти на најдобар можен начин благодарение на поволниот аспект на Марс и прекрасната Месечина подготвена да ве поддржи, особено во среда, четврток и петок. Внимание, сепак, за време на викендот: во сабота и недела може да доживеете некои моменти на напнатост во семејството, со вашиот партнер или со некој роднина, но на крајот сепак, ќе можете да најдете спокојство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.