Не се заљубувајте во нив бидејќи и покрај тоа што имаат златно срце, тие го чуваат од другите. Морате да се потрудите за да им се приближите. Ќе се трудат да ве одалечат од себе, за да видат колку сте подготвени да се борите за нив. Нивната љубов е како лекција за љубовта – тие покажуваат како треба да се сака.

Ќе запаметат сѐ што ќе им кажете. Ќе слушат повеќе одошто зборуваат и вистински ќе се грижат за вас. Ќе ги запаметат сите оние нешта кои не се ни сеќавате дека сте им ги кажале и ќе ве запознаат подобро од било кој друг.

Не се заљубувајте во нив бидејќи тие навистина се грижат. Се грижат како сте, како се чувстувате, како можат да ви помогнат. Навистина се претпазливи да не ве повредат или да не кажат нешто погрешно. Ако ве сакаат, највеќе од сѐ ќе сакаат вие да сте среќни.

Тие се многу чувствителни личности. Ќе ве научат да гледате на светот поинаку. Ќе ве научат да бидете попретпазливи. Ќе ве научат како да ги сакате луѓето.

Раковите го следат своето срце што и да направат. Дури и да е тоа најирационалната работа, ако срцето им вели така, воопшто не размислуваат. Тие не играат игри, туку се искрени и директни. Не им се лутете поради тоа.

Не засакувајте еден Рак, бидејќи на крајот ќе завршите сакајќи ги повеќе одошто сте мислеле дека е возможно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.