Сината полна Месечина настапува на 31 октомври. Ова е втора полна Месечина во текот на октомври, а ни носи возбудлива и мистериозна енергија. Таа носи радост за 3 знаци.
Лав
Со оглед на влијанието на ретроградниот Меркур, вашиот професионален живот ќе стане повозбудлив. Ќе се соочите со неверојатни можности кои можеби ќе ви донесат мал стрес, но сето тоа е за добро. Она што можете да го направите е да ги пречекате сите промени со отворени раце.
Најдоброто допрва доаѓа.
Шкорпија
Оваа месечина ве поттикнува да ги анализирате блиските односи со другите луѓе. Тоа може да се однесува на љубовта, но и на односите кои ги имате со пријателите и членовите на вашето семејство. Ќе добиете јасна визија за проблемите кои ги имате и на кои треба да поработите во натамошниот период.
Искористете ја оваа шанса подобро да се поврзете и разберете со своите сакани.
Водолија
Вие немате проблеми кога станува збор за новите нешта во вашиот живот. За време не оваа полна Месечина, морате да ги отворите своите граници и да направите простор за нови луѓе во вашиот живот. Ве очекува развој, и иако тоа делува застрашувачки, нема потреба за грижа. Доаѓате до подобра верзија на себеси.
Само ослободете се од своите стравови и имајте доверба во универзумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.