Како ќе ви бидат наклонети ѕвездите во јануари во поглед на вашиот љубовен живот? Во продолжение прочитајте го месечниот љубовен хороскоп за јануари 2022 година.

Месечен љубовен хороскоп за јануари 2022 година

Овен
Доколку сте во врска, вашиот партнер најверојатно ќе очекува да бидете поискрени и отворено да зборувате за вашите емоции. Не плашете се да го отворите своето срце и не дозволувајте стравот поради лошите искуства од минатото да владее со вас. Доколку не сте во врска, има големи шанси да запознаете некој и да се изненадите од тоа како ќе се одвиваат вашите односи.

Бик
Вашата љубовна врска се одвива на беспрекорен начин, па овој период ќе доживеете голема среќа на љубовен план. Ако сте во врска која моментално поминува низ фаза на нестабилност и се стремите кон подобрувањето на односите, најверојатно вашиот обид ќе заврши неуспешно. Оние кои се родени во овој знак а се слободни ќе се поврзат со личност која многу се разликува од нивните замисли. Тоа се должи на фактот дека имаат превисоки очекувања од луѓето или дека ги идеализираат.

Близнаци
Во вашата врска ќе владее целосна хармонија. Во следниот период комуникацијата со партнерот ќе биде одлична бидејќи вашите дискусии ќе бидат исполнети со разбирање и пријателски совети. Чувствувате дека вие и вашиот партнер сте родени еден за друг и дека сте сродни души. Слободните Близнаци кои сега стапуваат во врска треба да знаат дека оваа врска ќе биде краткотрајна. Ќе се забавувате со вашиот партнер, но вашите ставови ќе бидат премногу различни. Убаво е кога работите се случуваат спонтано, но за некои работи ви треба планирање.

Рак
Доколку сте веќе во врска, овој месец партнерот ќе ви покаже колку многу ве сака. Ќе се обиде да ве задоволи со тоа што ќе ви посвети повеќе внимание и страсни моменти. Слободните Ракови ќе покажат мал интерес за романтични средби бидејќи повеќе уживаат додека се опкружени со пријателите, па затоа ништо значајно нема да се случи на љубовен план.

Лав
Одбивате да преземете одговорност и секогаш наоѓате начин да го обвините партнерот дека „не ви помага доволно“. Вашата зависност од други луѓе дополнително ќе ја отежни врската. Оние кои се слободни ќе запознаат некого, но нема да бидат свесни дали тоа е љубов или пријателство. Се двоумите дали да стапите во контакт со личност од блискиот круг на пријатели и да ги споделите своите чувства. Ова ќе доведе до појава на внатрешен конфликт, но не заборавајте дека оптимистичкиот став ќе ви донесе поголема самодоверба.

Девица
Доколку сте во врска или во брак, ќе забележите како вашата врска станува сè посилна од ден на ден. Имате голема поддршка од ѕвездите кога станува збор за љубовен план, па добро би било да ја искористите можноста да планирате заеднички проекти за иднината. Слободната Девица ќе почне нова романса која може да биде голем предизвик, особено доколку партнерот е во истиот знак од Зодијакот. Астролозите ви препорачуваат да не започнувате нова врска само поради здодевност, навика или страв од осаменост.

Вага
Личноста на која ѝ се допаѓате се обидува да ве убеди дека вистинската љубов доаѓа само доколку го отворите срцето, а вие постојано љубезно ги одбивате сите понуди и средби. Барате авантура на друго место, но вашите инстинкти овој пат можат лесно да ве излажат. Доколку сте во врска, ќе имате период исполнет со мир и разбирање благодарение на способноста за успешна комуникација.

Скорпија
Доколку не сте во врска, за вас јануари ќе биде период полн со искушенија. Можно е да имате дилеми околу неколку личности, но и стравувања дека врската воопшто ќе успее. Важно е да сфатите дека во овој момент не можете да го предвидите секој чекор, но доволно е доколку се обидете да најдете рамнотежа меѓу срцето и умот. Постојат шанси да запознаете добра личност, но треба да обратите внимание на љубовните сигнали.

Стрелец
Бидете креативни и искористете го вашиот шарм за да ги зацврстите односите во врската. Од друга страна непреземањето одговорност може да доведе до расправии со партнерот. Јануари им ветува среќа на слободните Јарци затоа што ќе им престои период исполнет со радост и позитивна енергија. Новите познанства ќе ја разбијат монотонијата на нивното секојдневие.

Јарец
Доколку сте во врска, јануари ќе ви биде прилично мирен период, но постои можност за сериозни кавги и несогласувања. Проблемите во односите ќе настанат како резултат на тоа дека не сакате да слушате туѓи мислења. Доколку пак не сте во врска, ќе ви се оствари желбата за долгоочекуваната средба. Сепак, не треба да брзате и однапред д правите планови. Доволно е да ги оставите нештата да се одвиваат според својот тек.

Водолија
Во првата половина од месецот жените водолии ќе се почувствуваат незадоволни од својот живот. Ќе почувствувате дека сте западнале во монотонија и рутина. Ова ќе ви биде поттикне да ги преиспитате животните приоритети, вредности и цели. Обидете се исто така да направите нешто ново и различно со партнерот што може да ја зголеми интимноста меѓу вас. Не занемарувајте ги животните промени на кои треба да се обидете да се прилагодите без притоа да се навраќате на стариот начин на живот.

Риби
Во јануари ќе ви се насмевне среќата на љубовен план, особено доколку не сте во врска. Ве очекуваат романтични состаноци. Не пропуштајте го моментот, бидејќи постојат можности да ја пронајдете личноста која ќе биде вашата сродна душа. Сепак, врз вас демне ризикот од љубомора која може значително да ги загрози плановите и да ја наруши врската.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.