ОВЕН
Собравте сила да прекинете долгогодишна врска и да започнете нова љубов. Конечно го пронајдовте мирот. Старата врска само дополнително ве оптеретуваше и бевте многу несреќни. Уживајте во заслужената среќа. Понекогаш на среќата и е потребно повеќе време за да пристигне, но секако се исплати да ја чекате. Никој не е роден да трпи нешто што не му одговара.
Ја добивте работата од соништата и докажавте дека се исплатеше целиот труд и напор кој го вложивте. Сите во вашето опкружување се гордеат со вас иако вие сметате дека секогаш може подобро.
Во втората половина од месецот ќе имате можност да ставите точка на некои недоразбирања од минатото поради кои не спиевте мирно веќе неколку месеци. Личноста со која се скаравте пред некое време сосема непланирано повторно ќе влезе во вашиот живот и конечно ќе имате долг и искрен разговор како некогаш.
Нездравиот начин на живот и физичката неактивност доведоа до тоа да имате вишок килограми и проблеми со кондицијата. Посветете се себеси и на своето здравје. Посетете доктор поради одредување на адекватна терапија и диета. Можни се проблеми со холестеролот и високиот притисок. регулирајте ги навреме своите здравствени проблеми.
БИК
Упорно се обидувате да го налутите партнерот со вашето однесување. Имајте обзир, партнерот е многу чувствителен. Решавајте ги сите проблеми со разумен разговор, без повишен тон и нервоза. Ќе се чувствувате многу подобро и вие и партнерот. Ако имате повеќе проблеми, прво решете ги оние крупните. Пред вас е долго деловно патување. Консултирајте се со својот колега во кој имате најголема доверба за да постигнете што подобри резултати и загарантиран успех.
Тешко е да се најде квалитетен партнер во денешно време и затоа не се чудете зошто другите немаат доверба во луѓето. Многу луѓе само се обидуваат да се пробијат на подобро работно место и навистина е реткост да вработите личност која сака да се усовршува.
Можни се проблеми со грбот и болки во нозете. избегнувајте долго седење и работење. Движете се повеќе за да не ја оптеретите кичмата. Добро ќе ви дојде медитација на крајот од денот. Ако сте во можност закажете специјална професионална масажа која ќе ви помогне да се ослободите од болките.
БЛИЗНАЦИ
Вашиот партнер е многу возбуден бидејќи знае дека остатокот од животот ќе го помине со личност која не може никој да ја замени. А вие не можете да го ја скриете возбудата која ве обзема. Почнувате ново поглавје во љубовта. Сепак, мора да знаете дека заедничкиот живот носи некои нови предизвици и проблеми, но вие сте подготвени да се борите со сите препреки. Обврските не ви одат од рака. Сѐ што се обидувате да направите изгледа неуспешно. Работата ви задава многу главоболки. Не уживате во она што го работите. Подобро би било да се организирате и многу позитивни промени ќе настанат. Дотогаш ќе работите хаотично и без цел.
Избрзавте со одлуката кога го прекинавте контактот со еден ваш пријател и сега се прашувате дали погрешивте што бевте толку груби кон таа личност. Ако се каете, барем некогаш јавете му се и прашајте го како е. Болката во грбот никако не престанува, а главоболката ви ги отежнува секојдневните обврски и полека губите волја за сите обврски и сила да се гледате со пријателите кои имаат исти проблеми. Посетете доктор поради адекватна терапија.
РАК
Ни сами не сте свесни со што ја заслуживте семејната идила која ве исполнува. Ширите љубов насекаде околу вас. Многу сте задоволни со сегашниот живот и сѐ што постигнавте во него. Чувајте го она што ве прави среќни. Знаете и самите дека не го остваривте лесно она што денес го имате, а во овој месец е можен еден бурен, но за среќа краток период кој малку ќе ја поремети вашата идила. Напредокот на работното место е видлив и претпоставените се задоволни од вас. Ги надминавте нивните очекувања со оглед на тоа дека сте нови во таа област и досега сте се занимавале со нешто сосема поинакво. Само напред, дајте сѐ од себе да ви се исплати трудот. Полни сте со самодоверба.
Проблемите со видот во последно време се чести. Обратете се на доктор поради детални прегледи. Можна е главоболка. Одморајте повеќе. Премногу време поминувате пред компјутер, потребно ви е да го сведете тоа време на минимум. Доколку имате проблем со црвенило во очите, можеби станува збор за некоја инфекција која може да се прошири на двете очи.
ЛАВ
Вашето неверство лошо влијаеше врз долгогодишната врска. Затворивте едно поглавје во љубовниот живот, а отворивте ново. Барате некоја нова анатура и не ве погодува воопшто тоа што вашиот партнер е повреден и разочаран. Многу ви е лут и не сака контакт со вас. Сепак, навечер кога ќе легнете долго размислувате дали сте постапиле правилно или не, тешко ќе најдете добра и верна личност како што е вашиот партнер, не сте сигурни дали е краткотрајната страст толку вредна. Убедени сте дека заслужувате многу повеќе и подобро на работното место. Размислувате за давање отказ бидејќи не се пронаоѓате себеси во оваа работа.
Размислете малку подобро за сѐ. Консултирајте се со најдобриот пријател за помош и совет. Вашиот пријател поминал низ нешто слично како вас и може да ви го даде вистинскиот совет. И покрај целата нервоза и напнатост која ја чувствувате, здравјето ви е на завидно ниво. Бидете физички активни и на тој начин најдобро ќе ја исфрлите негативната енергија од себе.
ДЕВИЦА
Полека но сигурно, се сомневате во тоа дека љубовта на вашиот живот не постои. Доживувате само разочарувања и не сфаќате зошто тоа постојано ви се случува. Обрнете внимание на едни сини очи кои ве набљудуваат. Дајте им шанса, може да произлезе нешто повеќе од тоа. Ако сепак не се роди права љубов, тогаш ќе прерасне во големо пријателство вашиот однос. Работата од дома ве мотивира и ви дава дополнителна сила да продолжите понатаму.
Правете чести паузи бидејќи и онака ќе стигнете на време да завршите сѐ. Можни се непланирани финансиски добивки. Добиените пари искористете ги паметно, едниот дел инвестирајте го во нешто долгорочно, другиот дел заштедете го.
Внимавајте на тежината бидејќи неповолно влијае врз вашите колена и тоа е причина за честите болки во нозете. Не грижете се и движете се повеќе. Не спијте преку ден, така ќе бидете уште поуморни.
ВАГА
Партнерот не ви дава доволно внимание и љубов и поради тоа сте многу загрижени и тажни. Премногу се сомневате и без причина сте љубоморни. Имајте малку повеќе разбирање и обидете се да му помогнете на партнерот бидејќи има одредени потешкотии на работното место и не сака да ве оптеретува. Бидете сигурни дека ве сака. Не смеете да се грижите само за своите проблеми, дајте им поддршка понекогаш и на другите кога им е тешко.
Губите концентрација и премногу сте расеани. Размислете за краток одмор надвор од градот со пријателите за да доведете во нормала. Наполнете ги батериите и вратете се на работните обврски одморени и релаксирани.
Ве мачи несоница и главоболка поради непроспиените ноќи. Консултирајте се со семејниот доктор за помош бидејќи моменталната состојба ви го исцрпува организмот. Јадете здраво и внесувајте витамини.
ШКОРПИЈА
Се обидувате да го израдувате партнерот со некој убав гест и тоа одлично ви оди од рака. Не можевте ни да сонувате дека е возможно толкава љубов да ви се случи токму вас. Партнерот мисли само на вас и потполно ви е предаден. Уживајте во љубовта и негувајте ја редовно. Она што е најважно е да не ја земате здраво за готово, бидете свесни дека подоцна ве чекаат моменти на искушение, но се знае дека вистинската љубов може да ги издржи сите тестови ако е искрена.
Личноста на која во последно време се потпирате и очекувате голема помош ве избегнува и тоа ве прави да се чувствувате изгубени и недоверливи. Побарајте помош директно од шефот, ќе ви излезе во пресрет. Мора да прифатите дека од време на време на работа се случуваат работи кои не се толку пријатни, но се нормални. Не ги сфаќајте премногу лично, едноставно преминете преку нив.
Енергијата ви е на многу ниско ниво и немате волја за ништо што се случува околу вас. Го одбивате секој повик за дружење. Наспијте се и наполнете се со позитивна енергија и не дозволувајте временските услови да влијаат врз вашиот однос со најблиските.
СТРЕЛЕЦ
Не можете да се пофалите со успех на љубовно поле, бидејќи ја изгубивте довербата од страна на саканата личност. Подобро е да ја признаете вината и да се покаете, бидејќи на тој начин може ќе ви прости. Ако не го решите овој проблем во потполност, секогаш ќе ви се појавува во иднина кога најмалку очекувате.
Пропуштивте можност да се пријавите за работа во која би се пронашле себеси. Следен пат не реагирајте брзоплето за да не се каете повторно. Дотогаш со големо внимание следете ги новите огласи за работа и конкурси, можеби ќе ви се укаже можност кога најмалку очекувате.
Настинката целосно во истошти, па затоа размислете да одморите неколку денови додека не ви се опорави организмот. Внесувајте витамин Ц и пијте чаеви. Избегнувајте загушливи простории за да не ви се влоши состојбата.
ЈАРЕЦ
Тврдоглави сте и во никој случај не попуштате во врската. Не можете да излезете на крај со партнерот. Се натпреварувате во тоа кој ќе ги изнесе своите намери до крај, но тоа не ви помага во спасувањето на врската. Поработете малку на своите маани и пронајдете компромис ако навистина ви значи партнерот. Ако не сакате да ја зачувате оваа врска, продолжете понатаму и ослободете се од маките.
Задоволни сте со напредокот и работата која ја работит сосема ве исполнува. Давате сѐ од себе да брилирате и му се допаѓате на шефот за соработка. Обрнете внимание на колегите, шират љубомора и не ве сакаат. Иако, можеби е подобро да не им давате на значење затоа што токму тоа сакаат да го постигнат.
Одлично се чувствувате и полни сте со енергија. Ништо не ве мачи и подготвени сте во секој момент да го дадете својот максимум. Знаете да уживате во животот. Не обрнувајте внимание на замерките од страна на другите, вие сте возрасна личност и знаете што сакате, само не претерувајте со лошите навики, напротив, најдобро е да ги елиминирате.
ВОДОЛИЈА
Вашиот љубовен живот е совршен. Подготвени сте заедно да го пребродите секој проблем. Покажувате неизмерна љубов еден кон друг. Совршено функционирате и секогаш сте тука еден за друг давајќи си поддршка. Сѐ оди во нагорна линија. Успевате секоја обврска да ја извршите на време и имате доволно простор за себе.
На почеток мислевте дека сѐ е залудно, но сега тоа е позади вас. Само продолжете така! Ова е ново поглавје во вашиот живот кое долго го чекавте, сега е време да го искористите на вистински начин. Вашето здравје постепено се подобрува. Проблемите кои ве мачеа во минатото сега веќе не постојат.
РИБИ
Овој месец ќе дознаете дека многу му се допаѓате на еден колега од работа кој од неодамна работи во вашата фирма. На тоа сознание нема да останете рамнодушни и постојано ќе размислувате за него. Направете го првиот чекор, немате што да изгубите. Но, исто така мора да бидете свесни дека врската со колега може да не биде сфатена најдобро од останатите колеги. Одеднаш ви се роди мотивација и волја да работите повеќе. Полни сте со елан. Пеперутките во стомакот позитивно делуваат на вашите деловни резултати и треба да го искористите тоа на вистински начин.
Чувствителни сте на промената на времето и на високите температури. Внесувајте повеќе овошје и вода и сѐ ќе биде во ред.
извор: среќа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.