Љубовта често ни доаѓа кога најмалку се надеваме, но најважно е да ја храниме со нежност, разбирање и искрени чувства за да може да напредува.
Овен
2020 беше многу тешка за родените во овој знак, но во 2020 многу работи се менуваат на подобро. Без оглед на тоа дали сте во врска или барате нова љубов, важно е да го следите своето срце. Веќе на дочекот на Новата година важно е да ги запишете своите желби и романтични амбиции.
Ве очекуваат убави познанства и љубовни шанси, а слободните Овни највеќе среќа ќе имаат на почетокот на пролетта. Отворете се за нови луѓе и нова љубов.
Бик
Доаѓаат големи турбуленции на ова поле за Биковите. Оние кои се во врска ќе имаат некои мали лоши ситуации со саканата личност, а ако чувствувате дека е крај на врската, време е да ги оставите работите зад себе. Подобро е да бидете сами, отколку со некој кој ве прави несреќни.
Оставете го минатото зад себе и отворете ги очите кон луѓето кои ви пристапуваат во 2021 година.
Близнаци
Близнаците се уметнички души, кои постојано трагаат по авантура и не се сигурни што точно сакаат. Сепак, ситуацијата се менува во 2021 година. Можно е да започнете сериозна романса или авантура и да ја претворите во љубов која ќе трае цел живот.
Без оглед на тоа дали сте сами или сакате да го унапредите односот со саканата личност, важно е да бидете искрени. Донесувајте ги одлуките внимателни, со интегритет, но и со разбирање за другите.
Рак
Добри вести доаѓаат за Раковите. Доаѓа драматична година исполнета со многу магични љубовни можности. Сатурн и Јупитер позитивно ќе влијаат на вашето поле на љубовта и семејните односи. Ќе чувствувате силен бран на топлина и убава енергија, а ова е шанса да обновите и некоја стара љубов и да си простите себеси и на другите за некои грешки од минатото.
Лав
Сатурн и Јупитер минуваат во вашата седма куќа на партнерства што значи дека вашите љубовни врски ќе бидат размрдани. Сатурн ќе ги поттикне Лавовите да ја тестираат сигурноста на нивните врски, но и лојалноста кон другите. Бидете внимателни, бидејќи секоја недоверба може да биде токсична за емотивните односи.
Ако ви е потребно внимание, побарајте го тоа. Ако сакате работите да ги подигнете на повисоко ниво, разговарајте. Здравата комуникација може да ви помогне да ја вратите блискоста и да ги решите предизвиците.
Девица
Имате тенденција да ја набљудувате личноста која ви значи каква што сакате вие да биде, а не онаква каква што е. Во 2021 време е да се ослободите од таквите навики, особено бидејќи планетите често ќе ве тестираат.
Исто така, оние кои се на почетокот на врска ќе посакаат да го сменат партнерот, но таквите врски немаат големи шанси да бидат успешни. Не се оптоварувајте, не се трудете да ги менувате другите.
Вага
Марс влијаеше многу на вашата енергија во 2020 година, но сега е во директен од. Тоа значи дека работите повторно почнуваат да се одвиваат во ваша корист. 2021 година ви носи динамичен партнер кој ќе ја смени монотонијата и ќе внесе нова радост во вашиот живот. Отворете го срцето, не се плашете да ја доживеете љубовта која сакате да ја доживеете.
Шкорпија
Уран престојува во вашата седма куќа на партнерства, па не се изненадувајте ако одлучите да ја завршите врската која долго трае, а не ви носи среќа. Уран ве поттикнува да пробате нешто ново и да почувствувате апсолутна слобода.
Во текот на 2021 година ве очекува сјајна креативна енергија. Ќе посакате да се посветите на себеси и на проектите за кои одамна сонувате. Направете го тоа што го посакувате, а љубовта ќе се појави во вистинско време.
Стрелец
Ако во 2020 година бевте во токсична врска, време е да се стави крај на емоционалните турбуленции и лудила и 2021 да донесе исцелување на душата. Многумина ќе се одлучат за нов почеток и ќе го остават минатото позади себе, а тоа е одлично.
Ако се чувствувате осамено, сфатете дека сте сакани, но дека можеби не ја гледате вистинската личност околу себе.
Јануари
2021 година ви носи вежбање на самопочитта и самодовербата. Затоа, посветете се на оние работи кои ви одат добро – работата, пријателствата и кариерата. Бидете окружени со позитивни луѓе кои делат слични интереси со вас, а тоа може да ви донесе и потенцијален партнер. Во 2021 ќе ја обновите блискоста и емоциите и ќе напредувате на ова поле.
Водолија
Иако љубовните врски се далеку на вашата листа на приоритети бидејќи многу работи ве интересираат повеќе од тоа ќе забележите дека одеднаш работите се менуваат. Некои Водолии ќе сфатат дека нивниот најдобар пријател е нивната сродна душа.
Водолиите кои се во врска ќе уживаат во љубовта се до ноември кога Марс влегува во четвртата куќа на семејството. Тоа е период кога може да дојде до конфликти или да донесе неочекувани лоши вести. Потрудете се да останете смирени.
Риби
Ако 2020 ви донесе период кога сакавте повеќе да сте сами, вашето размислување почнува да се менува во 2021. Повторно ќе почнете да сакате да се поврзувате со другите луѓе и да се најдете себеси во врска која ќе ви даде сигурност и поддршка.
Ако сте во врска, ова е година кога работите ќе се издигнат на едно повисоко ниво. Можен е брак или заеднички живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.