Лавовите, Стрелците, Близнаците и Скорпиите важат за најголеми заводници во зодијакот. Нивната магнетска привлечност е неодолива, но и тие имаат своја „Ахилова пета“.
Какви луѓе, случувања и ситуации ги привлекуваат припадниците на овие хороскопските знаци? Како да ги освоите освојувачите?
Близнаци
Нивната привлечност е мистериозна и необјаснива. Близнаците живеат со свој свет што е толку богат и скокотлив, не може а да не паднете на нивната необичност. Она што ги привлекува Близнаците, пак, е секаков облик на комуникација, особено длабоки разговори во четири очи. Припадниците на овој знак сакаат да бидат во центарот на случувањата и не сакаат ништо да пропуштат. Имаат информации за сѐ и за секого, па треба да знаете нешто навистина фасцинантно за да им го привлечете вниманието. Однесете ги на ексклузивна премиера или распродаден концерт и можеби ќе имате некаква стартна позиција кај нив.
Лав
Лавовите освојуваат со нивната магнетска позитивна енергија, великодушност и самоувереност. Токму затоа, најдобар начин да ги освоите е да ги пофалите. Ласкањето и делењето комплименти ќе ве однесат далеку во додворувањето на припадниците на овој хороскопски знак. Лавовите сакаат да уживаат во сѐ што има животот да понуди, но ако не се расположени не треба ништо да планирате со нив. Ако успеете да им го кренете расположението, ќе предат како мачиња. Не сакаат изненадувања, освен ако „суптилно“ не ви кажале што би им годело, па со нив треба секогаш да фаќате белешки.
Скорпија
Сексот игра голема улога во животот на Скорпиите, па ги привлекуваат партнери со слични сфаќања. Бидете искрени и екцентрични, тоа ќе ги заинтригира. Скорпиите сакаат да освојуваат и се гордеат со тоа, па им се допаѓа кога некој се обидува да ги освои нив. Тешко го менуваат ставот и не толерираат каков било обид да ги смените. Тешко е да им го привлечете вниманието, но откако еднаш ќе ги освоите, верноста и преданоста се карактеристики со кои ќе ги задржите Скорпиите.
Стрелец
Авантуристички настроените Стрелци се големи заводници. Тешко е да им го задржите вниманието бидејќи постојано се во потрага по нешто ново и возбудливо. Стрелците сакаат бегство од реалноста, па ако сте подготвени да ги следите во чекор во нивните авантури, тоа ќе ги одушеви. Ако вие ја предложите авантурата, тогаш сте чекор напред. Иако се со немирен дух, кога ќе се заљубат се верни и искрени. Одржувајте ја возбудливоста и постојано освојувајте ги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.