Годината во која сме родени игра значајна улога во нашите животи, а најзначајна е последната цифра. Врз основа на тоа, нумеролозите тврдат дека можеме да го одредиме карактерот, судбината и патот што животот ни ги наменил.

Секој број има соодветен елемент, а тоа се Метал, Оган, Земја, Дрво и Вода.

На пример: ако сте родени во 1987 година, вашиот број е 7, а неговиот елемент е Оган.

Еве какво значење има секој број…

Броеви 0 и 1 – Метал
Овие луѓе имаат силен карактер и многу се отпорни. Имаат слободен дух, но резервирани се, бидејќи сакаат да живеат по свое. Копнеат да живеат во доследност и љубов. Точно знаат што сакаат и ќе направат сè за да ги остварат своите цели и амбиции, а на тој пат ги следи голема среќа. На овие луѓе им е судено да остваруваат големи работи во животот.

Броеви 2 и 3 – Вода
Луѓето родени под елементот Вода, покажуваат сочувствителност и емпатија кон другите луѓе. Поседуваат одлична имагинација и снаодливост, што ги прави успешни говорници, лидери и мотивациски тренери. Имаат добар инстинкт и одлично забележуваат детали, што често им помага да се извлечат и од најтешки ситуации.

Броеви 4 и 5 – Дрво
Луѓето родени под овој елемент се самоуверени и внимателни. Оригинални се, сакаат нови искуства и сонуваат да го откријат светот околу себе полн со мистерии и бизарности. Никогаш не се себични и егоистични. Тие се родени авантуристи, па никогаш не им е здодевно. Омилени се во друштвото и уживаат во вниманието што го добиваат. Овие луѓе се родени за да внесуваат радост во туѓите животи.

Броеви 6 и 7 – Оган
Родените под елементот Оган сонуваат за патувања околу светот, а ако вложат малку напор, оваа желба лесно ќе им се оствари. Имаат навика пребрзо да влетуваат во работите. Љубезни се и природни, знаат како да ги привлечат луѓето и да ја придобијат нивната доверба. Родени се за преофесии што вклучуваат патувања и контакт со луѓе.

Броеви 8 и 9 – Земја

Овие луѓе се доверливи и одлучни. Разумно ќе ја разгледаат секоја задача и никогаш нема да дејствуваат непромислено. Сакаат дисциплина и ред и го живеат животот според својот план. Стравот од непознатото е нивниот најголем страв. Тие речиси никогаш не излегуваат од удобната зона и сè прават според одреден ред во животот. Кај нив, сè мора да биде под конец. Тие се авторитативни, па родени се за лидерски позиции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.