Овој месец ќе биде убав за сите без исклучок, се’ ќе тече мирно, позитивно, без препреки и без негативна енергија. Се’ што сте вложиле ќе почне да носи плодови, а најважните соништа одеднаш ќе станат реалност.
Најважната карактеристика на овој април е тоа што ќе биде поволен за сите оние на кои досега не им одело добро. Но сега можете да најдете поддршка, помош и брз да излезете од ситуацијата што ве депримирала. Ако сметате дека и понатаму сте губитници, тогаш средината на месецот сигурно ќе ви донесе многу добри работи. Април е добар дури и за оние кои самите се довеле себеси во оваа позиција.
Ако сте родени овој месец, тоа ќе ви донесе големи можности, но се’ уште нема да ги видите. Ќе ги земете здраво за готово и ќе тргнете по свој пат, мислејќи дека април може да биде поуспешен за вас. Дури на крајот од пролетта ќе сфатите дека се’ е всушност многу подобро и дека сега може да го постигнете она за кое сте сонувале. Затоа, имајте трпение и не го нарушувајте текот на работите, бидејќи не сте ни свесни каква среќа ве чека зад аголот.
Се’ може драматично да се промени и да тргне наопаку за Овните, Раковите и Рибите. Но Биковите, Девиците и Јарците треба да почекаат, бидејќи ќе им се случат промени во животот, но ќе бидат помирни. Немојте да се лутите овој април, треба да постигнете нешто што е можно побрз, бидејќи на крајот ќе добиете многу повеќе одошто сте се надевале.
Кога сме кај исполнувањето желби, Јарецот може да ги направи долгоочекуваните промени во својот приватен живот (љубов, венчавка, бременост), Овенот ќе има проблеми, Рибите и Девиците ќе имаат пари и потпора, а Стрелецот ќе и’ се врати на својата љубов по кратката забава.
Сепак, овој месец ќе биде особено дарежлив кон следниве хороскопски знаци, кои долго ги чекаат своите пет минути…
Близнаци
Што и да ви се случи во приватниот живот, овие настани наскоро ќе ви ја вратат енергијата и се’ ќе стане онака како што не сте ни сонувале. Април за вас е почеток на најуспешниот период во годината, така што нема веднаш да го добиете сето она што го сакате во животот. Се’ ќе започне со првите победи и среќа, нови луѓе во опкружувањето и вистинска љубов.
Водолија
Ве очекуваат љубов и успех во она што го сметате за најважно во животот. На средина од месецот, ќе ви се вратат самодовербата и храброста. Ако можете да го искористите ова расположение, ќе имате среќа во се’ што правите, не веднаш, туку до почетокот на јуни.
Лав
Ќе седнете на вашиот вистински трон. Наскоро ќе добиете таква моќ и пари што останатите нема да можат да поверуваат во тоа, иако гледаат колку многу работите. Вашиот успех е на чекор до вас. Главното нешто е да имате трпение. Сега не можете да сопрете се, не можете да се жалите и да барате помош. Се’ ќе ви дојде во животот и ќе испадне токму онака како што сте си замислиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.