Водолија 21.1.-19.2.

Работа: Факторот среќа ќе ве послужи на ова поле. Можно е да успеете да решите некој проблем од минатото.

Љубов: Ве очекува ново познанство кое целосно ќе ви го помати умот. Ќе имате пеперутки во стомакот.

Здравје: Спортувајте.

 

Риби 20.2.- 20.3.

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, може да ви биде загрозена ако правите непромислени одлуки.

Љубов: Сигурни сте во своите чувства и сакате да му покажете на вашиот партнер какви се плановите со него.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

 

Овен 21.3-20.4.

Работа: Можно е многу работи да ве оптоваруваат на ова поле, и да сте наклонети кон правење грешки.

Љубов: Потребно ви е повеќе разбирање од страна на саканата личност која понекогаш се однесува ладно кон вас.

Здравје: Не се форсирајте, одморајте денеска.

 

Бик 21.4- 20.5.

Работа: Ќе ви биде потребно време да се прилагодите на работните промени кои настапуваат некако одеднаш.

Љубов: Може да се каже дека сте многу збунети, затоа што личноста со која флертувате ви праќа измешани сигнали.

Здравје: Ќе ви годи физичка активност.

 

Близнаци 21.5.-21.6.

Работа: Важно е да бидете подготвени да прифатите одговорност која ви се нуди, за да може да напредувате на работа.

Љубов: Потребно е повеќе да се потрудите околу саканата личност ако сакате да ја задржите во својот живот.

Здравје: Добро се чувствувате.

 

Рак 22.6-22.7.

Работа: Сакате да напредувате и да бидете успешни. Настапува период на будење на вашите амбиции на ова поле.

Љубов: Односите во бракот ви станале малку нестабилни. Имате впечаток дека ќе имате криза.

Здравје: Засилете го имунитетот.

 

Лав 23.7-22.8.

Работа: Можно е да немате доволно концентрација за да ги решите сите работни проблеми кои ги имате пред себе.

Љубов: Ќе имате интересни случувања на полето на емоции. Денешниот ден ви е поволен за нови познанства.

Здравје: Проблеми со нервоза.

 

Девица 23.8.-23.9.

Работа: Ве очекува период во кој ќе имате мали компликации и тешкотии доколку се занимавате со приватна работа.

Љубов: Сосема отворено ги покажувате своите чувства кон симпатијата. Подготвени сте за почеток на емотивна врска.

Здравје: Одлично се чувствувате.

 

Вага 24.9.-23.10.

Работа: Немојте да се плашите да превземете иницијатива околу почнување на новите промени кои ги посакувате.

Љубов: Многу сте емотивни и ги покажувате слабите точки на својот партнер во надеж дека ќе ве прифати.

Здравје: Чувствителност во колената.

Скорпија 24.10-22.11.

Работа: Ќе ви биде потребна нечија помош за да може да излезете на крај со големиот број на обврски кои ве оптоваруваат.

Љубов: Подготвени сте за брак и заедница. Чувствувате вистинска љубов кон партнерот.

Здравје: Добро се чувствувате.

 

Стрелец 23.11.-21.12.

Работа: Пред вас е период во кој ќе бидете задоволни од околностите. Немате големи грижи денеска.

Љубов: Активни сте на полето флерт и уживате во вниманието кое го добивате од страна на неколку додворувачи.

Здравје: Хронични проблеми.

 

Јарец 22.12.-20.1.

Работа: Може да очекувате подобрување на заработката. Денешниот ден ви носи нови шанси.

Љубов: Ве очекува позитивен ден за односот со саканата личност. Можно е да размислувате за брак.

Здравје: Добро.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.