Овен
Љубов:
Вашето незадоволство е минлива фаза. Ситните префрлувања и „емотивните убоди“ само ја влошуваат врската.
Работа:
Големите ефекти понекогаш брзо исчезнуваат. Нема потреба да следите лажни впечатоци за деловните можности.
Здравје:
Насочете ги мислите во позитивна насока, важно е да се опуштите.

Бик
Љубов:
Се однесувате премногу пребирливо и со многу барања пред блиска личност, на крајот не го добивате она што го заслужувате.
Работа:
Секој од соработниците сака да ја заземе најдобрата можна позиција која гарантира нов деловен успех или престиж на социјалната скала.
Здравје:
Избегнувајте претерување, забавете го брзото темпо.

 

Близнаци
Љубов:
Планирајте состанок со блиски пријатели и некоја омилена забава. Важно е да ја почувствувате емоционалната топлина во нечие друштво.
Работа:
Ве очекуваат ненадејни компликации од деловно-финансиска природа, но тоа не би требало значително да влијае на вашата концентрација.
Здравје:
Нема причина за претерана загриженост.

Рак
Љубов:
Подобро е да се фокусирате на семејниот живот или на некоја помирна тема каде преовладуваат „познати правила на игра“.
Работа:
Замор, слаба концентрација или расеаност претставуваат доволен повод да не се вклучите во разни компликации.
Здравје:
Вечерта ќе ви годи опуштена атмосфера, акумулирајте позитивна енергија.

Лав
Љубов:
Не давајте големи ветувања. Бидете за нијанса поискрени или пофер кон вашата сакана личност.
Работа:
Има дел од вистината што мудро го премолчувате. Важно е правилно да ги поставите вашите деловни цели.
Здравје:
Ослободете се од непотребните дилеми и тензии.

 

Девица
Љубов:
Некој може да ве исполни со емотивна екстаза. Новите настани се добар повод за заеднички планови и задоволство.
Работа:
Важно е добро да се организирате, има резултати кои истовремено ги потврдуваат вашите интелектуални и практични способности.
Здравје:
Поттикнете ја позитивната ориентација во вашето расположение и размислување.

Терезија
Љубов:
Емоционално, ви пречи да знаете дека на вашата сакана личност и недостасува инспирација, храброст или искреност.
Работа:
Не дозволувајте некој да ве обврзува на соработка што не ги задоволува вашите критериуми и очекувања.
Здравје:
Ќе ви годат промените и релаксацијата.

Скорпија
Љубов:
Во духот на емотивната инспирација, испланирајте романтична забава или нов љубовен состанок. Ќе уживате во нечие внимание и наклонетост.
Работа:
Ваше е да ги создадете основните услови и да ја започнете главната иницијатива, а на некој друг е успешно да ги реализира вашите идеи.
Здравје:
Поттикнете го доброто расположение.

 

Стрелец
Љубов:
Недоразбирањата со партнерот ги илустрираат разликите во мислењата, но секогаш постои начин да се усогласат желбите и можностите.
Работа:
Вашата аналитичка природа, исто така, станува важна предност за вашите соработници. Имате добра моќ на набљудување и способни сте да ги процените критериумите кои влијаат на конечниот исход.
Здравје:
Овозможете си подобра нега во секој поглед.

Јарец
Љубов:
Изгледа дека сте расположени за малку повеќе лежерна забава. Партнерот е подготвен да одговори на вашиот повик и искрено сака да ви удоволи.
Работа:
Премногу сте избрзани да ја процените новонастанатата ситуација на деловната сцена, но за среќа ја добивате поддршката од околината.
Здравје:
Важно е околу вас да има позитивни стимулации, опуштете се.

Водолија
Љубов:
Се грижите да привлечете нечие емотивно внимание, но правите низа погрешни работи.
Работа:
Во деловно-финансиска смисла, заборавете на преголемите амбиции или желбата да ги присвоите туѓите резултати.
Здравје:
Обрнете внимание на поправилна исхрана.

 

Риби
Љубов:
Ако ви е важно да ја израдувате вашата сакана личност, смислете начин да предизвикате ентузијазам и позитивна реакција.
Работа:
Некој ги поддржува вашите идеи, но тоа не гарантира деловен и финансиски успех. Треба да ги исполните сите потребни услови.
Здравје:
Важно е да ја канализирате вашата креативна енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.