Последната недела од март ни го носи и новиот неделен хороскоп. Ова се бурни денови за сите хороскопски знаци, но не се среќни за сите… Кај некои знаци може да дојде до заладување на полето на љубовта, но тоа е од привремен карактер.
Овен
Ќе размислувате многу за работата и ќе сумирате дека претходната година и не била толку лоша. Дајте си себеси повеќе ветар во грб и подгответе се среќно да ја дочекате новата година. Саканата личност е покрај вас. Здравјето е добро.
Бик
Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Обидете се, ќе бидете изненадени од тоа колку вашиот партнер има разбирање за вас. Оние кои се во брак на некој начин ќе се обидат да ја избалансираат врската со партнерот. Но од него треба да очекувате онолку колку што сте спремни да дадете. Слободните претставници ги очекува опасен предизвик.
Близнаци
Оваа недела ви е потребна мала помош кога станува збор за обврските на работа. Се што ви е потребно е домот, саканата личност и чаша вино. Вежбајте повеќе.
Рак
Емотивниот живот се стабилизира и покрај разнишана самодоверба. Ако имате партнер можете да го искористите овој момент за обновување на чуствата, па за тоа можете да организирате романтична средба која долго ќе остане во вашите сеќавања. Ако сте и понатаму незадоволни во љубовта променете нешто но не бегајте од проблемите.
Лав
Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.
Девица
Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Потикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.
Вага
Ве вади од такт егоцентричноста на вашите колеги. Во љубовта, доаѓа нова личност која е вашата сродна душа. Добро се чувствувате.
Шкорпија
Завршивте се што треба да се заврши и среќни влегувате во новата недела. Иако многу промени се случуваа на полето на љубовта, време е за поголеми промени. Потребен ви е свеж воздух.
Стрелец
Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Пронајдете алтернативен пат. Во овој момент успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани. Ако сте слободни приликите за нова врска се поволни, но внимавајте вашето однесување да не ви ги расипе плановите.
Јарец
Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во јануари особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.
Водолија
Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.
Риби
Долго не сте биле под ваков притисок на полето на работата. Бидете трпеливи. Во љубовта ви оди добро, всушност и подобро одошто се надевавте. Само уште ги криете своите емоции.Здравјето е добро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.