По вчерашната Розова супермесечина, која ни донесе трансформација во мистериозниот знак на Скорпија, денеска нè чека Црвена месечина, која не е само полна, туку и се приближува до Земјата на минимално растојание.

Иако Розовата месечина во Скорпија е тешка, со себе носи нови идеи и промени. Доколку сте негативни во овој период и мислите дека ќе ви се случат лоши работи, обидете се да размислувате на убави работи и да ширите љубов и ќе го ублажите сето она што овој аспект го носи со себе.

Кога Месечината е во Скорпија, велат астролозите, ова се вообичаени проблеми: чувствителност во долниот дел на стомакот, можни повреди, воспаление на слепото црево, хормонални нарушувања, гинеколошки проблеми, фригидност или пренагласена сексуалност,  фрустрација, висок крвен притисок, намален имунитет.

А, за денес, 27 април и Црвената месечина, астролозите најавуваат многу незгоден период, бидејќи една искра е доволна за сè да прерасне во оган. Дури и најмала кавга лесно може да се претвори во насилство, а проектите започнати на овој ден тешко дека ќе успеат. Влијанието на оваа супермесечина врз психата е поразително, затоа држете се што е можно подалеку од црни мисли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.