Луѓето родени во знакот на Јарецот делуваат многу ладно, невклопливо и емотивно недостапно, а токму тоа е причината што другите ги доживуваат како чудаци.

Јареците често се несфатливи за светот околу себе поради уникатното студенило и резервираноста во однос на другите, отсуството на реакција и имуноста дури и на најдраматичните животни ситуации.

Луѓето во нивна близина главно остануваат затекнати од нивната прибраност и студенило кои ги прикажуваат, поради што често ги сметаат за чудни.

Од друга страна, кога станува збор за професионалноста и традиционалните вредности, Јарецот е прв. Сатурнот е неговата владеачка планета, позната по забраните и ограничувањата, па тоа Јарецот го прави многу сериозен и практичен хороскопски знак кој сака да живее на најконвенционалниот начин.

Оптоварен е со безбедноста и мајстор е за самоконтрола, а нема да се поколеба пред вас да извади цел куп докази дека само тој е во право. Секогаш!

Без оглед на тоа колку чудно тој ви делува вам, за него вашето однесување веројатно ќе биде уште помалку „нормално“.

Тешко му паѓа да ги прифаќа туѓите различности, па во такви ситуации има потреба да ги контролира луѓето или да им ги наметнува неговите вредности. Сепак, оние кои ќе успеат да допрат до Јарецот, ќе сфатат дека во него се крие многу забава, хумор и емоции.

Освен Јарецот, за чудни знаци во Зодијакот се сметаат и Водолијата и Рибите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.