Годината 2020 година дефинитивно беше неповолна за сите. Од глобална пандемија до лични неуспеси, скоро ништо не се покажа како што планиравме во изминатите 12 месеци.
Сепак, според експертот по нумерологија, 2021 година ќе биде многу посветла.
Во интервју за „Body+Soul“, нумерологот Џози Курсио истакнува дека не е ни чудо што 2020 година беше токва година затоа што поради своите повторувачки бројки, беше предодредено да биде „мрачна“ и „страшна“.
Бројот има влијание, има личност. И исто како и личностите во животот, вие исто така имате позитивни и негативни особини во нумерологијата – вели таа.
Џози истакнува дека бројот 2 низ историјата значи „негување на сопствениот раст“.
И бидејќи ги имавме две за една година, тоа не принуди да размислиме за нашите животи, и сигурно е дека имавме време да го сториме тоа за време на зголемениот престој дома.
Двојната нула е виновна што оваа година е толку страшна.
Нулата претставува дупка и престој во мракот – вели таа.
И кога ќе ги соберете броевите за 2020 година, добивате бр. 4 што е поврзано со создавање подобар живот, но само ако сме подготвени да се потрудиме.
2020 година ги разниша нашите темели. Знаев дека оваа година ќе биде тешка, но немав идеја дека ќе биде на ова ниво – нагласува таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.