По вчерашната Розова супермесечина, која ни донесе трансформација во мистериозниот знак на Скорпија, денеска нè чека Црвена месечина, која не е само полна, туку и се приближува до Земјата на минимално растојание.
Иако Розовата месечина во Скорпија е тешка, со себе носи нови идеи и промени. Доколку сте негативни во овој период и мислите дека ќе ви се случат лоши работи, обидете се да размислувате на убави работи и да ширите љубов и ќе го ублажите сето она што овој аспект го носи со себе.
Кога Месечината е во Скорпија, велат астролозите, ова се вообичаени проблеми: чувствителност во долниот дел на стомакот, можни повреди, воспаление на слепото црево, хормонални нарушувања, гинеколошки проблеми, фригидност, фрустрација, висок крвен притисок, намален имунитет.
А, за денес, 27 април и Црвената месечина, астролозите најавуваат многу незгоден период, бидејќи една искра е доволна за сè да прерасне во оган. Дури и најмала кавга лесно може да придонесе работите да излезат од контрола, а проектите започнати на овој ден тешко дека ќе успеат. Влијанието на оваа супермесечина врз психата е поразително, затоа држете се што е можно подалеку од црни мисли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.