Овен
Работа: Денеска ќе направите сериозни темели за иднина, само доколку покажете мудрост и трпение.
Љубов: Ако сте на почеток на врската, имате потреба да го контролирате партнерот, да се прашувате дали сте на вистинскиот пат и дали сте згрешиле.
Здравје: Внимавајте на здравје во следниот период.
Бик
Работа: Градите убав однос со колегите, немојте секогаш да ја истерувате правдата. Овој ден покажете дека сте вредни.
Љубов: Бидете трпеливи и трудете се да го разберете партнерот кој моментално го искажува своето незадоволство.
Здравје: Ќе ви годи диета.
Близнаци
Работа: Финансиисте ќе ви се подобрат, а тие се поврзани со степен на флексибилност која ќе ја покажете во однос на својата околина.
Љубов: Важно е да знаете дека партнерот ви обезбедува нешто што сакате, а тоа е комфорт, љубов и внимание.
Здравје: Несоница.
Рак
Работа: Ќе ви биде понуден некој вид на дополнително усовршување или обука. Би било добро без размислување да ја прифатите.
Љубов: Партнерот вашата контрола може да ја доживее на лош начин, како да вршите некој притисок, што и не е далеку до вистината.
Здравје: Чувствителни сте денеска.
Лав
Работа: Ви се додаваат работи, а тоа значи и нови обврски како и многу дополнителна енергија, која ќе морате да ја истрошите.
Љубов: Ако сте во врска, ќе се разбуди желба за слобода.
Здравје: Главоболка.
Девица
Работа: Немојте да правите грешки, особено не сега кога сте дошле на посакуваното ниво и позиција од која може да напредувате.
Љубов: Овој ден почнува со отворена нетрпеливост, а кулминира со караници кои ќе го намали квалитетот на вашиот љубовен живот.
Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум.
Вага
Работа: Дозволете на колегите да ви помогнат уште на почеток на некој проект, за да се снајдете подобро.
Љубов: Не е добар ден за љубов, затоа што се што ќе превземете и посакате, има шанси да пропадне, а вие да се разочарате.
Здравје: Ќе ви годи масажа.
Скорпија
Работа: Интелектуално сте силни и доминантни, а околу амбициозноста не треба да се зборува. Тој е составен дел на вашиот карактер.
Љубов: Ако сте слободни, може да дојде до кратка авантура, која ќе нема иднина. Но, таа ќе ви значи, затоа што суетата кај вас е нагласена.
Здравје: Не би требало да имате проблеми.
Стрелец
Работа: Многу ви значи поддршката од колегите со кои сте во тимот.
Љубов: Ќе ве преплаши страственоста на партнерот. Сепак, со време врската може да се претвори во вистинска љубов, која ќе го одбележи вашиот живот.
Здравје: Закажете преглед на нутриционист поради подобра исхрана.
Јарец
Работа: Ако се занимавате со приватна работа и ако сакате да почнете сопствен бизнис, водете сметка околу своите финансии.
Љубов: Ќе доживете убава авантура и ќе размислите да го продолжите тој однос.
Здравје: Добро се чувствувате.
Водолија
Работа: Идеален ден за максимален ангажман на работа. Имате позитивна енергија, имате желба и волја за работа, па тоа искористете го.
Љубов: Ако се сомневате во партнерот, ви се советува врската да не ја продлабочите, туку да ја прекинете уште на почеток.
Здравје: Бешиката ви е чувствителна.
Риби
Работа: Доколку ве „јаде“ некое чувство на несигурност кое создава немоќ, и условува потисснување на енергија, сетете се дека ваква шанса нема да ви се пружи во блиска иднина.
Љубов: Рибите кои се во врска се чувствуваат запоставено, затоа што им недостасува саканата личнсот во смисла – тука е, ама како да не е.
Здравје: Пад на имунитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.