Астролозите велат дека август ќе биде многу специфичен за сите хороскопски знаци. Ѕвездите предупредуваат на внимателност, претпазливост и непоколебливост, особено кога станува збор за финансиите, сепак, три знаци ќе го почувствуваат август врз сопствената кожа.

Бик

Овој жежок летен месец ќе биде тежок за вас. Кариерата оди на свој некој начин, но очекувајте многу вербални конфликти со колегите, како и со претпоставените. Еден колега ќе ви задава главоболка. Едноставно, за сè што правите, тој ќе најде грешка. Прво ќе имате трпеливост (вие сте знак кој никогаш не реагира на прва), но како одминува времето, така и вашиот праг на толеранција се намалува. Отпрвин ќе помислите да контактирате со претпоставениот, но ќе наидете на затворена врата.

Совет: поместете го прагот на толеранција колку што можете повеќе. „наведнете“ ја главата и само почекајте го крајот на месецот. Тогаш сè се менува и има кој да го слушне вашиот збор.

Близнаци

Премногу сте преморени на работа. Дадени ви се рокови што не можат да се запазат. Сето тоа многу влијае на вас. Размислувате да побарате помош, но никој нема „слух“ за вашите проблеми. Целиот овој затворен круг ви создава тензија, што се рефлектира и на вашиот љубовен живот. Тука треба да заштедите барем малку чиста и здрава енергија затоа што вашиот партнер е пред пукање.

Девица

Многу неповолен месец за вас кога станува збор за финансии и деловни активности. Бидејќи планетите се ретроградни, тоа ве исцрпува. Тоа е исто како да направите еден чекор напред, а потоа три чекори назад. Создава страв во вас и ве води кон самоуништување. Тогаш сте најслаби и ги доведувате во прашање сите ваши одлични квалитети како што се организација на работата, распределба на одговорностите итн.

Советот е дека кога чувствувате наплив на таа енергија, не откажувајте се туку тогаш давајте сѐ од себе. Затоа што сè што се случува се случува во вашата глава. Реалниот свет не го гледа тоа околу вас. Видливо подобрување доаѓа на крајот на месецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.