Какви утрински навики имаат хороскопските знаци: Девиците се будат, па пред да се тушираат ја чистат бањата, Јарецот го исклучува бојлерот зашто завршила евтината струја, а Биковите појадуваат крем со супена лажица.
Секој знак има своја специфична рутина која ги излудува другите хороскопски знаци. И овие рутини секое утро ни се приоритет.
6.00: Девицата се буди и ја чисти бањата пред туширање. Откако ќе ги измие забите, ја става четката во стерилна кеса на посебно место, подалеку од други четки.
6.15: Јарецот се буди и го исклучува бојлерот, завршила евтината струја.
6.20: Водолијата оди на утрински џогинг.
6.30: Вагата и Лавот се туркаат пред огледало кој прв да го земе гелот за коса.
6.40: Бикот појадува крем со супена лажица.
6.45: Стрелецот се буди и го вклучува бојлерот.
7.00: Ракот прави сендвичи, Девицата цеди овошни сокови. Близанците сé уште е во кревет и си јаа проверуваат поштата, Фејсбукот, Твитер, Инстаграм.
7.05: Шкорпијата ја крши вратата од бањата – Вагите излегуваат смртно навредени со несесерот в раце.
7.10: Овенот се буди и вклучува стоперка.
7.11.45: Овенот облечен, истуширан, заминува и мавта од скалите со стоперката дека го победил времето.
7.15: Бикот струга по теглата. Нема повеќе крем.
7.20: Вагата и Лавот повторно пред огледало, последната проверка на изгледот и восхит пред излегување.
7.30: Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучува бојлерот.
7.40мин: Сите заминуваат.
7.45: Близнакот се враќа, заборавил еден од трите мобилни телефони.
7.50min: Близнакот повторно се враќа – го заборавил паричникот.
8.00: Рибата се буди и сфаќа дека е заклучена во станот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.