Водолиите имаат темперамент со кој ја освојуваат љубовта и почитта на другите.
Тие имаат доволно самодоверба за да дозволат работите да течат природно. Ако имате луѓе со овој знак во својот живот, знајте дека можат да ви понудат долготрајно пријателство, единствен поглед на работите, вистинската верзија на самите себе и храброст да бидете она што сте.
Понекогаш е тешко да водите разговор со Водолијата, затоа што тие често не сакаат да слушнат што другите имаат да кажат. Сѐ додека сте со нив, секогаш ќе има нешто ново што не сте успеале да го дознаете.
Во продолжение ви откриваме 20 принципи кои ги водат низ животот:
Водолиите им дозволуваат на луѓето да ги лажат, дури и кога ја знаат вистината. Имаат трпение и чекаат луѓето самите да им ја кажат вистината кога ќе бидат подготвени за тоа.
Се обидуваат да го задржат позитивниот дух дури и кога се прелавени од емоции. Но, кога се во стресна ситуација, потребно им е време за себе и често не знаат како да им го објаснат тоа на другите.
Тие се романтични души, но попривлечна им е страста на умот отколку страста на телото.
Сѐ што е потребно за да привлечат внимание е да бидат целосно свои.
Многумина не ја разбираат нивната логика. Нивниот ум често работи побрзо отколку што другите можат да разберат и да постигнат.
Никогаш не кажуваат нешто што не мислат. Секогаш го мислат она што го кажуваат.
Тие имаат чувство дека се родени за да живеат бурно и дека никој не може да го контролира нивниот нагон.
Многу добро ги проценуваат луѓето. Имаат некаков инстинкт и интуиција кога се во прашање луѓето и многу добро ги читаат.
Ако емоционално се предадат некому, тоа значи дека таа личност е ептен посебна. Не го прават тоа често.
Наспроти тоа, најлесен начин да изгубите Водолија е да им наредувате што треба да прават. Последно нешто што им е потребно во животот е некој да им кажува што треба, а што не треба да прават.
Не се обидувајте да ги промените Водолиите, затоа што ќе добиете само отпор. Дозволете им да бидат она што се и да го прават она што го сакаат.
Не можат да поднесат луѓе кои се сложуваат со сѐ што ќе кажат тие. Мора да постои дебата. Не можат да поднесат и луѓе кои само зборуваат, но не знаат да слушаат.
Ако сакате да го отворите нивното срце, прво отворете го нивниот ум.
Кога сакаат, сакаат силно. Кога се лути, тоа не е случајност. Не ги потценувајте причините кои стојат зад нивните чувства.
Љубомората е нивна слабост, но се обидуваат да ја скријат.
Можеби мислите дека ве игнорираат, но едноставно понекогаш немаат потреба да зборуваат за сѐ.
Не морате секогаш да сфатите зошто нешто прават. Треба да знаете дека секогаш постои добра причина.
Не сакаат драми. Повеќе сакаат да зборуваат во мирна состојба.
Премногу работи се случуваат во нивната глава. Затоа понекогаш им е тешко да кажат само една мисла.
Штом некому го подарат своето срце, тешко си го враќаат назад. Што повеќе вложуваат во врската, толку повеќе ќе патат кога ќе раскинат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.