Ракометарот Тони Шопов, велешката ракометна легенда по многуте изиграни натпревари во неговата карирера, како во нашата земја така и во странство, последниве 3 години го игра најважниот натпревар за него…

Тони боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017 год. на дел од дебелото црево пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија.

Во 2019 год. во втората операција Ретропиротонеална лимфаденектомија му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат повторно беа потребни циклуси на хемотерапија.

По 3 месеци за понатамошно лекување е препратен во Турција на радиотерапија со специјални SBRT зраци кое досега беше успешно, но дојдено е до рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција со 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со SBRT зраци.

За жал ваква терапија не е достапна во нашата држава.

За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000 евра.

ИТНО е потребно да продолжи лекувањето во Турција кое чини 20.000 евра. Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и потребна ни е вашата помош.

Линк од Фејсбук Fundraiser: https://www.facebook.com/donate/1275998199442497/
Линк од Go Fund me Fundraiser:  https://gf.me/u/y4cfjc



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.