ЈО молчи, фактот што Седат Пекер добил полициско обезбедување од Спасовски нема да избледни, одговорност ќе има за сите.
Не може светски криминалец како Седат Пекер три месеци да престојува во Македонија, а МВР на Спасовски да му даде и полициско обезбедување.
Дополнително уште поненормално е зошто ЈО молчи и не отвори истрага, како Пекер се стекнал со полициско обезбедување, што правела АНБ, и што разговарал Заев со него?
Не може 214 криминалци са добиле македонски документи, да доаѓале во Македонија, од тука да полетувале насекаде низ светот, а за тоа да бидат виновни службеници од пасошко.
Полициско обезбедување не даваат службеници од пасошко, тоа го даваат високи структури во МВР, а тие знаат кој е Седат Пекер.
Се поставува прашањето, зошто иако знаеле кој е Седат Пекер, тој добил обезбедување и дали на тоа влијаела неговата средба со Заев?Одговори и одговорност мора да има
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.