Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, пред една недела престојувал во Шпанија, а по враќањето в земјава не се самоизолирал и продолжил да оди на работа. Toj во изјава за Фронтлајн, вели дека тогаш Шпанија не била во земјите од висок ризик, но од денеска ќе биде во изолација.
Во понеделникот се вратив од Шпанија, а во средата беше прогласена Шпанија за земја со висок ризик. Вчера бев на совет, а денес не сум на работа бидејќи сум на погреб“, изјавил Трајчевски за Фронтлајн.
На влез во земјава му бил поставен прашалникот за симптоми, исто како и на сите патници кои доаѓаат од странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.