Машини за рециклирање на пластични и стаклени шишиња преку кои ќе се добиваат пари за паркирање, ќе постави ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Веќе се набавени девет вакви машини, а до крајот на годинава ќе бидат купени уште 18. Нивното поставување ќе почне од почетокот на март и за секое фрлено шише граѓаните ќе добијат по 1,5 денар.
„За овој проект Општина Центар има предвидено субвенции во буџетот за 2020 година и за секое рециклирано шише се обезбедени 1,5 денари, а воедно обезбедени се и средства за останатите 18 повратни вендинг машини, изјави Богдановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.