Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ, го подарил станот во кој израснал во сараевската населба Грбавица, на својот пријател кој е воен инвалид, пренесува српски „Курир“.
Здравко Чолиќ живееше во Сараево сè до почетокот на 90-тите години, кога избувна војната во БиХ, по што со семејството се пресели во Белград. Како што велат жители на Сараево за „Курир“, кога завршила војната, Здравко одлучил својот стан да му го подари на пријател од Високо, кој останал без својот имот и станал инвалид поради повредите здобиени во борбите.
Како што велат сарајлиите, тоа било гест за кој зборувала цела чаршија, а повеќето од нив и денес се сеќаваат на тоа. Тие раскажуваат дека освен станот, пејачот во Босна, поседувал и викендица, а ја подарил на семејство од Фоча, кое во војната останало без покрив над глава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.