Државната изборна комисија информира дека за Предвремените избори за Градоначалник на Штип и Пласница, право на глас можea да го остварат лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и болните и немоќните лица.
На гласачките места во казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип, од кои 60 гласачи го оствариле ова право и 1 гласач од општина Пласница кој исто така го остварил своето право на глас.
Во текот на денешниот ден избирачките одбори го спроведоа гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација.
Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас.
Денеска се спроведува гласање во еден центар за вонсемејна грижа каде што се сместени 2 гласачи кои се од општина Штип од кои 1 гласач го оствари своето право на глас.
Воедно од ДИК информираат дека утре (13.12.2020 година) во 9:30 часот, ќе има соопштение за отварањето на гласачките места во општините Штип и Пласница, како и за излзеноста до 9:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.