Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирус, во кинеската провинција Хубеј, се затворени во вторникот.
Тоа значеше и затворање на сите 16 привремени болници за заболени од коронавирус во овој град.
Вкупно 49 пациенти излегле од привремените болници во вторникот. На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како лекарите го одбележуваат моментот кога е затворена и последната привремена болница.

Тие стојат на скали и додека камерата ги снима еден по еден тие ги симнуваат своите заштитни маски за лице. На лицата имаат широки насмевки, а некои и мавтаат кон камерата. Ова видео го обиколи светот и собра бројни позитивни коментари.

Кинеските власти претходно преуредија јавни објекти како што се изложбени центри и спортски сали во 16 привремени болници. Тие служеа како изолација и за лекување на пациенти заболени од коронавирус. Во овие центри лекарска помош добија околу 12.000 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.