Со потпишувањето на Декларацијата за Зелена агенда, земјите од Западен Балкан се обврзаа на Самитот во Софија на 10-ти ноември 2020 година дека ќе спроведуваат мерки во областа на спречување на климатските промени и загадувањето, развојот на енергија, сообраќајот и циркуларната економија, како и развојот на биодиверзитетот, одржливото земјоделство и производството на храна.

Западниот Балкан е многу погоден од климатските промени, а тоа значи намалување на емисиите на стакленички гасови и зголемување на отпорноста на влијанието на климатските промени. Владите од овие региони ќе бидат поддржани во согласност со новото европско законодавство ќе мора да дејствуваат во правец на намалување на емисиите на CO2 по пат на квоти и секако мора да бидат спроведени механизми за одредување на цената на јагленот. Поради исклучително високата зависност од јагленот во Западен Балкан, па и во Македонија, транзицијата кон чисти и обновливи извори на енергија е неопходна. ЕУ ќе поттикнува и модели на транспорт коишто во помала мера ја загадуваат животната средина, како што е случајот со железничкиот транспорт, велат од Еко-свест.

Според нив преминувањето кон циркуларна економија е многу важна за зелената транзиција на овој начин ЕУ ќе го поддржи Западниот Балкан во развој на стратегија за подобрување на одржливото производство на суровини, спречување, намалување, рециклирање и управување со отпадот, земајќи го во предвид целокупниот животен циклус на производите. Исто така, финансиски ќе биде поддржан развојот на регионалниот договор во спречување на загадувањето со пластика, особено морскиот отпад.

Бидејќи загаденоста на воздухот на подрачјето на Западен Балкан  е премногу висока и можеби на највисокото место во Европа, ЕУ ќе пружи помош за регионот во ускладување со стандардите на ЕУ кога се во прашање квалитетот на воздухот и водите, како и управување со отпадните води бидејќи се повеќе е загрозено здравјето на луѓето, додаваат од Еко-свест.

Она што е важно да се знае е дека земјоделството и сродните активности изнесуваат околу 10% од БДП на Западниот Балкан па затоа ЕУ ќе ја зголеми поддршката за одржливиот развој на руралните области, помагајќи ги земјоделско-прехранбените гранки со цел да се овозможи поголем квалитет и безбедноста на храната, намален отпад, унапредена усогласеност со стандардите на ЕУ во областите на безбедноста на храната и благосостојбата на животните и промовирање на еколошко прифатливо и органско производство. ЕУ ќе пружи поддршка за регионот во развој и имплементација на Акциониот план за биодиверзитет на Западниот Балкан, како и на Планот за реставрација на шумскиот потенцијал.

На споменатиот Самит во Софија којшто ги собра највисоките државни претставници, покрај Декларацијата за Зелена агенда потпишана е и Декларација на лидерите на Западен Балкан во врска со заедничкиот регионален пазар, којашто треба да придонесе за економскиот раст, но и еколошкиот развој на регионот, а ова е нова стратегија за раст којшто преоѓа од традиционалниот модел на одржлива економија во согласност со Европскиот зелен план.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.