Венко Филипче да се посветеше само на глумачко-политичката кариера во крими филмот на Заеви, Министерството за здравство ќе го водеа професионалци и немаше да броиме стотици заболени и десетици починати секој ден.

Зоран и Вице Заеви да си се посветеа на гангстерската кариера, државата ќе ја водеа чесни политичари кои ќе направеа нешто за народот, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Дури народ се разболува и умира, со зелено светло на Заев се рекетираат и се палат автомобили во државата, стои во соопштението.

Од партијата потсетуваат дека во Македонија за едно деноноќие има 147 нови случаи заболени од корона вирус, а 6 за жал починати, Венко Филипче, како што сооптуваат, без срам тера кампања и снима спотови на Заев.

Тој денес требаше да одговори зошто ја излажа јавноста пред еден месец кога рече дека сите кластери во Скопје, кај што епидемијата е најсилна, се знаат и се под контрола, за сега да имаме признание од епидемиолозите дека корона вирусот се шири неконтролирано и веќе не се знае колку се кластери постојат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, велат, ова е доказ дека Филипче не води министерство за здравство во ек на епидемија, туку партиска политика.

Каков Заев – таков Филипче. Заев го покажа своето лице. Тој не се грижи за народот. Нему главна грижа е како да ги зголеми милионите евра и како да сее страв преку рекетарите и на тој начин да прибира милиони во торби. За ова секој ден излегуваат сведоштва. Бојан Јовановски јавно призна дека рекетираните пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви, про-рускиот бизнисмен Дака призна дека бил во договор со Заев за бизниси во Македонија и платил 300 илјади евра, а вчера излезе и последното сведоштво на член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот кој каже дека со зелено светло на Заеви биле палени автомобили во Македонија, се вели во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.