Дали екс премиерот знае некои работи кои според закон не смее да ги знае? Знае ли за истрага против медиум кој е критички наклонет кон него, која дури и да постои е тајна? Овие прашања се отвораат откако вчера Зоран Заев кажа дека се водела некаква истрага против Алфа, за која засега нашиот медиум не знае ништо. Од Финансовата полиција не знаат дали е отворена предистрага бидејќи законски, тоа е тајна, но очигледно не и за лидерот на СДСМ. За истрага и да не зборуваме, коментира „Алфа ТВ“
–Управата за финансиска полиција согласно делокругот на своите надлежности има превземено дејствија и проверки и за тоа е доставено Известување до Основното јавно обвинителство – Скопје, од каде се чекаат понатамошни насоки, меѓутоа согласно со член 289 од Законот за кривичната постапка „Сите дејствија превземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна, велат за Алфа од Финансова полиција.
–Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто, изјави вчера Заев.
Човекот кој од опозиција ветуваше слобода на медиуми и се бореше против медиумски мрак, сепак оние кои се критични кон него ги смета за непријатели и им се заканува. Последниот напад не е единствен.
-Во моментот став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се „Сител“, „Канал 5“, „Алфа“ телевизија, „Дневник“ и „МРТ“. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои што меѓудрогото се финансирате и дел од пари на граѓаните, изјави Зоран Заев на 1 декември 2015 година.
Покрај споменувањето и етикетирање медиуми, Заев директно го нападна и уредникот Героски, нарекувајќи го суетен новинар, откако овој почна да објавува информации за работата на власта предводена од СДСМ, кои според него беа криминални.
-Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми прости ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт, изјави Заев на 13 август 2019-та година.
Инаку, Заев не е единствениот кој ја нападна Алфа телевизија. Покрај прес конференциите каде без никакви докази се обвинува дека Алфа е антидржавен елемент кој се финансира од црни пари, на прес конференции Алфа често е под напад и на други функционери од СДСМ, меѓу кои Радмила Шекеринска и министерот без ресор задолжен за медиуми Роберт Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.