Премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање дали имало предупредување од странски дипломат за впишувањето на националноста во личните карти, што е предлог доставен во Собранието од Беса, изјави дека државава не добила никакво предупредување поради тоа што се работи за идентитетски прашања како на Македонците, така и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други.
Немам јас такво предупредување, нуту каков било разговор за каков и да било аларм или предупредување дека некој би реагирал. Норамално беа, имаше состанок со амбасадорот на Грција, добија повратна информација. Ние по нашите дипломатски патишта тоа сме го провериле уште во времето кога тоа беше ветено во 2019 година, во почетокот на годината, кога се гласаа уставните промени согласно Преспанскиот договор. Така што нема никакво предупредување поради тоа што се работи за идентитетски прашања, како на Македонците, така и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други – изјави Заев, по заедничка изјава со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на Кејот „13 Ноември“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.