Премиерот Зоран Заев на вечерашната средба со граѓаните на Тетово порача- да го продолжиме патот што заедно го почнавме зашто друга алтернатива нема. Не ни треба да се вратиме ов 90-тите години, а правдата и правото остануваат императив и ќе бидат главно начело на претседателот на државата.
Бројките од првиот изборен круг народот ги димензионираше така за да ги засукаме ракавите, да ги загрееме чевлите и да истрчаме за државата. Ова е најсилната потврда за успешноста на изборите. Да се потрудиме секој граѓнин да го соопшти својот став согласно личното убедување, нагласи Заев.
Според него, Мицкоски е декласиран зашто ако опозицијата нудеше алтернативи, ќе одеше напред.
Точно е дека и ние паднавме, ја добивме пораката од граѓаните. Но, тие не гласаа за опозицијата, за Мицкоски и за Силјаноска. Отидоа дома, чекаат да видат дали пораката е сфатена. Пораката е сфатена. Слабостите мора да ги корегираме. Чуму ми се гласови ако државата не оди напред. Видовме 28 години гласовите што носат, „сишол мурто за да дојде курто, рече лидерот на СДСМ.
Пред присутните зборуваше и министерот за дијапсора Едмонд Адеми. Рече дека верува во социјалдемократијата и во концетптот – едно општество за сите.
Граѓанскиот концепт мора да успее, каде ако не во Тетово. Во овој концепт верувам и го живеам. Републиката и правдата не носат ништо ако на чело на државата го немаме вистинскиот човек, а тој е тука, меѓу нас, подвелече Адеми и повика сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци,…, масовно на 5 мај да изелзат на гласање и да го поддржат Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.