Секаде во светот се попишуваат граѓани кои живеат во одредена земја, само пописот по стадарди и методологија на Заев не е така. Законот за попис кој што насила го турка власта на заев не е статистичка туку пазарџиско политичка операција. Нема ниту евроспки стандарди, ниту јасна методологија. Попишувањето кое го замислил Заев е едноставно диктирање на амтични броеви кое значи фалсификат на реалноста. Од ова штета имаат сите граѓани, а најмногу Македонија – стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека власта својот политички договор кој сакаат да го прикажат како закон за попис го турка шверцерски и без општетствен консензус целосно игнорирајќи го тоа што го укажувале ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност.
Затоа власта на Заев сака да спроведе т.н. попис во услови кога европски земји и земји од регионот го одложуваат. Јасно е дека Заев сака методите на манипулации и фалсификати на избори, да ги примени и за пописот. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на ова ќе се спротивстават и доколку насилно го изгласаат, тогаш ќе почнеме иницијатива за собирање потписи во подрачните канцеларии на Министерството за правда за носење на закон за укинување на постојниот закон за попис кој ќе биде основа за фалсификатот кој го турка власта – коментираат од опозициската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.