Премиерот Заев по примопредавањето на вакцините од Србија на својот фејсбук профил напиша:

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија, започнува процесот на имунизација од КОВИД-19 во Македонија.

Ова е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека да стигнат вакцините што Владата на Република Македонија ги обезбеди преку механизмот КОВАКС и директно преку производелите Фајзер и Синофарм.Вакцините од Србија ќе влезат во Националниот оперативен план за вакцинација што Министерството за здравство веќе го објави и кој постојано ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на останатите договорени вакцини. Утврдени се и приоритетните групи за вакцинирање.Уште еднаш упатувам голема благодарност до српскиот народ, до претседателот Aleksandar Vučić и до премиерката Брнабиќ, што како израз на драгоцен чин на пријателство, Република Србија денеска солидарно споделува дел од своите вакцини со народот на Македонија.Овој чин ги зацврстува и им дава светла перспектива на односите меѓу Србија и Македонија, кои се традиционално пријателски. На овој убав ден посакувам и повикувам на сечив придонес, за да биде мир, здравје и љубов на Балканите.

Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија, започнува процесот на имунизација од…

Posted by Zoran Zaev on Sunday, 14 February 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.