Премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук соопшти дека ги повикал нашите амбасадори и претставници во земјите на ЕУ да разговараат со нашите граѓани од дијаспората за тоа колку е важно да се попишат и дека со тоа тие директно ќе придонесат за подобра македонска иднина.

како што вели Заев, на работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија, во земјите членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО, заклучиле дека успешното спроведување на пописот е од државно значење, бидејќи е клучно во креирањето ефикасни јавни политики за потребите на граѓаните и за развојот на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.