Ќе ве потсетам на нивните епохални епски ветувања од типот 600 километри автопатишта и експресни патишта 550 километри магистрални и регионални, 1.000 километри локални патишта итн. Но, каква е реалноста? Автопатот од Скопје кон Блаце каде што првиот дел е ни помалце ни повеќе од два километри, цели четири години не се способни ниту да го тампонираат, а камо ли да го изградат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Кога зборуваме за автопатот Кичево – Охрид освен тоа што вредноста со анексите од 411 стигна до 800 милиони евра, буквално немаме никаква теренска активност, иако ќе го слушнете сегашниот  Бочварски и претходникот негов Сугаревски како велат дека имало 600, 700, 800 работници, имало 300, 400 машини итн. Еве овој викенд баш патував по тој пат, бев во Охрид, имавме определена обука заедно со пратениците и навистина не можев да ги видам тие стотици машини, тие стотици работници по автопатот Кичево – Охрид.

Се сеќавам на една епохална лага на една ТВ дебата на тогашниот министер Сугарески, која што му ја кажа на професорот Славески мислам дека таа беше дебата во 2018-тата или 2019-тата година, кој што рече есента 2019-та ќе возиме по автопатот Кичево – Охрид. Но, за жал не само што не возиме по автопатот туку десетици човечки животи останаа за навек по оној стар, искршен, и руиниран пат кој што го користат македонските граѓани. А, нели сега ни доаѓа туристичката сезона, па повторно најдоа иновативен лек од Владата, наместо туристите кои што доаѓаат од кај нашиот северен сосед да ги ослободат за патарина кон Охрид, тие рекоа да не го гледаат срамот, да не ја гледаат бруката по тој пат што возат, па одлучија кон нашиот јужен сосед да ги ослободат со патарина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.