Увидите на проекти што ги гради Владата не се поврзани со партиски активности, туку се потврда на владината определба и во време на економкска и здравствена криза да се реализираат капитални инвестиции во интерес на граѓаните, изјави денеска, техничкиот премиер Оливер Спасовски по увидот на градежните работи на нова градинка во скопско Волково.

Ова значи определба на Владата и во време на економкска и здравствена криза да имаме реализација на капитални инвестиции. Јас знам дека некој можеби посакува да нема инвестиции, да нема градба на патишта, на градинки, да стои државата во место, да назадува. Но за моја среќа, за среќа на оваа Влада на граѓаните градиме секојдневно патишта, водоводи, канализациски мрежи и тоа не е само сега туку и во изминатите две и пол години. Од година во година тој интензитет се зголемува. Јас навистина сакам да бидам таму на терен да дадам поддршка на граѓаните, на општините, на работниците кои се најзаслужни во оваа здравствена криза да бидат на браникот на државата, на браникот на екононската активност, рече Спасовски запрашан дали државните активности, како овие увиди на објекти во градба, ги користи за партиска кампања и дали со тоа се крши Изборниот законик со кој е забрането да се мешаат државни со партиски активности.

За него, рече, е голема чест кога како претседател на Влада ќе дојде овде во Волково, „кога после 30 години ќе ја видите најубавата градинка за згрижување на деца, кога после 30 години се гради канализција во Арачиново, кога после 50 години ќе видите дека ги реновирате сите регионални патишта околу Куманово…“

Сите овие проекти ги гради Владата на Република Македонија со парите што се прибрани во буџетот. Со ова немаат врска партиите. Партиите нека се борат на терен на политичката битка преку проекти итн. Ние како Влада ќе одиме и ќе ги промовираме, ќе ги презентираме сите проекти што ги градиме, а после 16:30 ќе ме видите и мене на терен каде што ќе ја водам политичката битка. Но, тоа е нешто друго, и тогаш ќе разговараме. До 16:30 секој ден на секое место како што правев во овие осум месеци во Владата. Како што правев во изминатите три години во МВР, секогаш кога е тоа во интерес на граѓаните да градиме, создаваме да правиме проекти што се од интерес на граѓаните. Јас не можам да се согласам дека би било добро да промовираме проекти за градба на споменици и непродуиктивни трошоци како што тоа го правеа во минатото. Туку напротив сметам дека треба да ги насочиме финансиските средства за проекти кои значат интерес за граѓаните, рече Спасовски кој заедно со заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, направија увид во градежните работи на нова градинка во Волково, Општина Ѓорче Петров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.