Во честитката од манастирот Свети Јован Бигорски по повод Денот на независноста 8. септември, што ја добија многу граѓани, не постојат Македонци, туку се наведува дека свештенството им честита на „граѓаните на Република Македонија“.

Погодени од таквото именување граѓаните упатуваат низа критики на адреса на свештенството и прашуваат дали ова е официјалниот став на МПЦ или се работи за ненамерна грешка.

8. септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.

Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста!

Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци!

Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари – стои во честитката од свештенството на Бигорскиот манастир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.