За неполн месец ИВЗ го закопа корона вирусот, па го откопа. Ако го прашате поранешниот реис Сулејман Реџепи, ќе ви рече –нема корона, оти тој ја прогласи за мртва на 24 мај. Денес, пак, новиот реис Шаќир Фетаи вели дека има корона!
За разлика од поранешниот реис, кој победоносно и со потсмев зборуваше за заразата, сега новиот поглавар Шаќир Фетаи им порача на верниците да се борат против оваа болест без страв но со голема свест.
ИВЗ не е таа која треба да дава оценка дали постои, за тоа што цел свет го знае тоа, рече тој.
Тој рече и дека ИВЗ е подготвена со сите сили да придонесе за да се надмине кризата. Свесен е дека во дел од општините и градовите заразата се шири со голема брзина па поради, иако дури сега, ова вовеле ред и во џамитеи и имамите.
Во неколку градови на почна да се шири со поголема брзина и апелирав во име на сите муфтиства уште повеке да сме сериозни озбилни и да се придржуваме до сите критериуми и да даваме доприност, секој во своето делување за што побргу да излеземе од оваа состојба, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.