Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска соопшти дека во Србија пристигнал лекот против коронавирус, произведен од американската компанија МСД.

Имаме за 11.500 луѓе, а ќе имаме за 50.000 луѓе, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм.

Тој посочи дека овој лек им помага на луѓето во првите пет дена по позитивниот тест на коронавирус, а е наменет пред се за најранливите – оние со прекумерна телесна тежина, дијабетичари и кардиоваскуларни пациенти.

Лекот спасува животи, спречува смртност во огромен процент, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија најави и дека во првиот квартал од следната година се очекува и лекот од американската компанија Фајзер.

Ова ја покажува нашата грижа за луѓето, напиша Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.