Истражителите кои ги испрати обвинителката Вилма Русковска да ја подигнат фианансиската документација за надоместоците кои екшефицата на СЈО, Катица Јанева, им ги делела на нејзините колеги, стручните соработници, истражители и други вработени речиси четири часа поминаа во зградата на СЈО.
Вработените во СЈО по завршувањето на работното време излегоа од задниот влез на Обвинителството. Нема информација од СЈО до кога се очекува да останат истражителите внатре.
Извори од СЈО тврдат дека истражителитите кои ги испратила шефицата на организиран криминал, Вилма Русковска, ги барале одлуките за високите исплатени надоместоци за вработените и договорите кои ги имале со СЈО.
Обвинители од СЈО, кои не сакаа да говорат јавно, тврдат дека нема незаконитост во доделувањето на парите, бидејќи и додатоците и надоместоците биле исплатени во согласност со Законот за СЈО и за тоа знаеле и Советот на јавните обвинители и Собранието кое го изгласало нивниот буџет.
Дека Јанева имала право да дели средства надвор од месечната плата потврдува и Законот за СЈО. Во членот 14, став 3, пишува:
Јавниот обвинител и јавните обвинители во Јавното обвинителство имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризик и додаток за доверливост.
Со овој член законодавецот буквално и ги одврзал рацете на Јанева, односно не ја ограничил во кој износ да се движат дополнителните додатоци.
За разлика од останатите обвинители платата ни беше за 300 евра повисока, а работевме три инстанци, основно, вишо и републичко. Секој обвинител, освен Јанева земал по 22.000 евра годишно, но сите како да забораваат дека и главата ја стававме во торба. забораваат каков профил на луѓе гоневме! Истите суми ги земаат и обвинителите ангажирани во специјалните обвинителства во регионот – велат соговорници на Фокус.
Според базата „Отворени финансии“, Катица Јанева во својот мандат добила дополнителни 157 илјади евра. Само за 2019 година зела 28 455 евра. Јанева седум месеци си доделувала по 4.000 евра како надоместоци за доверливост, да не се откриваат разговорите од прислушуваните материјали.
Јанева им давала високи суми и на своите соработници. Нивната висина се движела од 50 илјади денари до 180 илјади денари месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.