Машинскиот персонал во Железници – Транспорт (ЖРСМ) донесе одлука за бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава, поради што попладне по 16 часот нема да ги извршува работните задачи, информира за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ Транспорт.
Како што информира Димовски, одлуката е донесена на собир на машиновозачите и помошниците, а бојкотот значи дека денеска нема да тргнат патничките и товарните возови по 16 часот. Како што информира Димовски, во возниот ред за попладне се предвидени сообраќања на возовите на релацијата Скопје-Гевгелија и Скопје-Велес, како и неколку товарни возови.
Ние баравме платата да биде исплатена до 25 наредниот месец или да не извести менаџерскиот тим дека ќе доцни платата, но се уште не сме известени – изјави Димовски.
Тој најави дека до УО на ЖРСМ, како и до Министерство за транспорт и врски и до Агенцијата за железничи сообраќај ќе испратат допис преку кој, покрај исплатата на платата бараат и исплата на надомест за квалитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.