Во последните 24 часа во Србија се потврдени 227 нови случаи на коронавирус, починале уште две лица, а направени се 5.456 тестови.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 22 пациенти се на респиратори.

Ова е четврти ден по ред со повеќе од 200 новозаразени лица.

Вчерашниот број од 265 нови случаи на заразени беше рекорден број во Србија од почетокот на третиот бран на епидемијата.

Поради влошената епидемиолошка слика во Србија, Кризниот штаб вчера одлучи да им забрани на локалните самоуправи да издаваат дозволи за организирање настани, Белградската арена од понеделник повторно ќе стане ковид болница, а услужните објекти се должни да имаат одговорно лице за спроведување на мерките во рамките на објектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.