Анализата на дел од трошоците направени од СЈО за набавка на апетисани покажува дека специјалните обвинители и другиот персонал во СЈО биле на протеински терапија со користење на храна богата со белковини.
Според податоците, за само 26 месеци во период од 2017 до 2019 година СЈО набавил апетисани во вредност од околу 50 илјади евра, објави Експрес.
Ако оваа сума се подели на 26 месеци се добива сумата од 1923 евра месечно, а ако таа се подели на 22 работни денови колку што просечно има секој месец доаѓаме до сумата од 87 евра дневно или околу 5300 денари.
Со овие пари ако се набавува на големо може да се купат најмалку 9 килограми од поскапите апетисани како индиски ореви, лешник или бадеми.
Ако во СЈО биле поскромни и јаделе кикирики тогаш дневно во обвинителството се јаделе по 36 килограми од овој јаткаст плод кој е 4 пати поефтин од лешникот.
Во просек секој од стотина вработени во СЈО секојдневно јадел по речиси 100 грама поскапи апетисани или по речиси 400 грама кикирики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.