Поради ситуацијата во која се наоѓаме не дозволува влез во било која држава ширум светот за македонците се отвараат некои нови можности за летување. Една од нив, барем што се однесува до земјите кои што физички ни се поблиску е Албанија.
Недалеку од грчкиот остров Крф се наоѓа и едно од албанските летувалишта кои што поради ситуацијата е избор за многумина. Саранда припаѓа во областа Валона и се карактеризира со мноштво убави уредени плажи и многубројни природни убавини.
Сместувачките капацитети се на задоволувачко ниво, а во местото постои и убаво уредено шеталиште, многу ресторани и кафулиња, но и многубројни продавници. Освен тоа, во околината на Саранда се наоѓаат и многубројни знаменитости, кои што секако дека треба да се посетат.
Поради моменталната ситуација, летување в Саранда е вистинска авантура. Таму најевтината варијанта во приватно сместување за 4-члено семејство на почетокот на месец август изнесува околу 170 евра. Додека пак најскапата опција во ова летувалиште изнесува 2.590 евра за 7 ноќи со доручек, за 4-члено семејство.
Станува збор за резорт со 5 ѕвезди, кој што е 2 километри оддалечен од центарот на Саранда и кој што има сопствена плажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.