Во селото Миејсце во Полска владее необичен феномен бидејќи дури повеќе од една деценија се нема родено машко дете, пренесува „Њујорк Тајмс“.
Поради оваа несекојдневна ситуација градоначалникот нуди награда за оној пар којшто ќе има машко дете, а научниците сè повеќе се интересираат да го испитуваат овој феномен.
Овој феномен за првпат го привлекол вниманието на полските медиуми кога селото испратило тим од девојчиња на регионален натпревар за млади волонтерски пожарникари. Оттогаш, градоначалничката Кристина Зиндиак вели дека ситуацијата во селото „станала малку луда“.
Некои научници изразија интерес да испитаат зошто тука се раѓаат само девојчиња – вели Рајмунд Фришко, градоначалник на општината Цисек, во која спаѓа и селото.
Фришко се одлучил да понуди награда за следната двојка која ќе има момче.
Многу се зборува за оваа појава во селото, размислувам да именувам и улица по првото момче коешто ќе се роди. Тоа дефинитивно ќе добие многу убав подарок. И ќе посадиме даб и ќе го именуваме по него, вели градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.